Промени тема
Контакт

Која е Меланија Трамп, старо-новата прва дама на САД: Од Севница во Словенија до Белата куќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-01-21-at-17.59.16

Меланија Кнавс, сега Трамп, е родена во Севница, гратче на околу еден час возење од Љубљана. Нејзиниот татко Виктор бил продавач на автомобили, а нејзината мајка Амалија работела како дизајнерка на облека. Меланија израснала со родителите и помладата сестра Инес, а по завршувањето на основното училиште се преселиле во Љубљана, каде подоцна студирала индустриски дизајн и архитектура.

Во неодамна објавената автобиографија, Меланија Трамп се присети на својот живот во поранешна СФРЈ, но и на една непријатна ситуација кога УДБА ја пребарала нивната куќа поради „сомнителниот начин на живот“ на нејзиниот татко, бидејќи објавиле дека има голем возен парк. Таа изјавила и дека нејзиниот татко, иако бил член на Комунистичката партија, тоа не било поради неговите политички убедувања, туку бил принуден да се приклучи.

— реклама —

„Можеби некој сосед, или колега или некој близок до властите го пријавил возниот парк на татко ми. Тој никогаш не бил прогласен за виновен за кривично дело и никогаш не бил затворен. Неговото членство во Комунистичката партија беше задолжително, бидејќи партијата воведе автоматска месечна членарина која му се одбиваше од платата“, напиша таа во своите мемоари.

На 16 години почнала да се занимава со манекенство, а набрзо кариерата ѝ тргнала нагоре и се преселила во Италија, па во Париз, а потоа во Соединетите Американски Држави. Таа се појави во многу рекламни кампањи и работеше за некои од најдобрите фотографи во модната индустрија. Потоа го смени името во Меланија Кнаус, под кое се појавува во списанија како JQ, Vanity Fair и Sports Illustrated, пишува CNN.

— реклама —

Таа се преселила во Њујорк во 1996 година, кога имала само 26 години. Две години после тоа, Меланија го запознала својот иден сопруг Доналд Трамп, кој во тоа време се забавувал со друга девојка, во популарен клуб на Менхетен. Тој отиде до нејзиното биро и се претстави.

— реклама —

„Како модел и некој кој често е поканета на луксузни забави во Њујорк, така го запознала Доналд Трамп, колку што знам“, вели Кетрин Џелисон, професорка на Универзитетот во Охајо.

Кнавс стана Меланија Трамп на 22 јануари 2005 година. Една година подоцна, таа го роди синот Барон, нивното единствено дете. Истата година, речиси десет години откако се пресели во САД, таа стана американска државјанка.

— реклама —

Со кандидатурата на Доналд, а подоцна и неговата победа на американските избори во 2016 година, нивниот брак беше ставен „под микроскоп“. Од неговата инаугурација, кога камерите ја фатија Меланија намуртена, до контроверзите околу неодамнешното судење на кое главен актер беше Доналд Трамп, врската на брачната двојка „зад камерите“ не престанува да ја интригира јавноста.

Со победата на Трамп, Меланија се врати на позицијата прва дама, а интересно е што таа е само втората „прва дама“ родена во странство. Пред неа, единствена „странец“ во Белата куќа беше Луиза Адамс, родена во Англија, која беше сопруга на Квинси Адамс, шестиот претседател на Америка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ofl38teubt70LC1V8v

Рускиот олигарх за свадбата на синот на Трамп: „Не разбирам зошто ми ги врати парите“

Магазин | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: „Знам повеќе за сè од кој било човек во светот“

Свет | пред 2 дена

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп формира нова работна група за вештачка интелигенција

Свет | пред 2 дена

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп назначи специјален пратеник за прашања поврзани со затвореници

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања