Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кокаин закопан во земја пронајден кај Босилово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
kokain-2

СВР Струмица поднесе кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица поради сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

— реклама —

Пријавени се И.Ѓ. (26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч. (33) од Гевгелија и В.С. (51) од Струмица.

— реклама —

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, И.Ѓ. организирал набавка на кокаин, а по претходен договор со П.Ч. го ангажирал со неговото возило да ја пренесе дрогата до В.С.

— реклама —

Откако кокаинот бил доставен, В.С. го сокрил така што го закопал во земја на место викано „Топо“ во атарот на селото Босилово, струмичко.

— реклама —

По преземени оперативни мерки, полициски службеници од СВР Струмица ја пронашле локацијата каде што била закопана дрогата, по што со помош на работни машини таа била ископана и одземена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 5 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 5 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања