Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Колапс на линијата 112: Над 8.300 повици по невремето, ангажирани дополнителни оператори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library3qndtdmoe1k39q771ua

Повеќе од 8.300 повици биле примени на Единствениот број за итни случаи 112 во периодот од 17:00 до 21:00 часот, откако силно невреме го зафати Скопје, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

— реклама —

Од ЦУК информираат дека операторите работеле со полн капацитет, а уште во првиот час биле ангажирани и дополнителни смени за да се одговори на огромниот број повици.

— реклама —

„Операторите на 112 работат во полн капацитет, а уште во првиот час беа ангажирани и дополнителни смени со цел да се одговори на зголемениот број повици. И во моментов сè уште има зголемен интензитет на повици од граѓаните, а сите примени пријави континуирано се процесуираат и се проследуваат до надлежните институции и служби“, соопштија од ЦУК.

— реклама —

Оттаму апелираат до граѓаните за трпение и разбирање поради големиот број повици, посочувајќи дека доколку не успеат веднаш да воспостават контакт со бројот 112, пријавите за материјална штета можат да ги достават и во текот на утрешниот ден.

— реклама —

„Доколку не успеат веднаш да воспостават контакт со 112, пријавите за материјални штети можат да ги пријавуваат и во текот на утрешниот ден, по што истите ќе бидат навремено евидентирани и проследени до надлежните служби“, наведуваат од ЦУК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4lfq8oo179hdaG6vTdl

Во Куманово поднесени 160 барања за обештетување по невремето

Македонија | пред 3 дена

media-library8iindo7eal7t4MJBibD

(Видео) Невремето го разбранува Охридското Езеро, огромни бранови кај Градиште

Настани | пред 2 седмици

media-library1ad3iak2398n9K6Jewi

Ѓорѓиевски: Општините ќе формираат комисии за пријавување на штетите од невремето

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryvskja4dv0ba83ruPfm0

Апел од струмичките пожарникари: Внимавајте поради нестабилни дрвја и оштетена инфраструктура

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања