Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Колева: Дали Николоски раководи и посредува во финансирање на мрежата медиуми за лажни вести?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Од денес, па се до парламентарните избори, граѓаните ќе ги запознаеме со ликот и делото на Александар Николоски, носител на листата во изборна единица 4 на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните имаат право да го знаат неговото вистинско лице кој ќе биде на избирачкото ливче и која е неговата вистинска улога во политиката.

Николоски кој сака постојано да прашува, а да не понуди одговори, ниту докази за ништо од неговите лаги и манипулации, конечно ќе мора да даде одговори.

— реклама —

Александар Николоски е човек кој преку 20 години во политиката живее на грбот на граѓаните, никогаш ништо не работел, туку живее од даноците на граѓаните. Како политичар и ништо друго, Николоски во ВМРО-ДПМНЕ е задолжен за креирање лажни афери, лажни вести и пласирање невистини со кои сака постајно да прави конфузија во јавноста. Токму затоа, Николоски е најдемантираниот политичар во историјата на државата. Него го имаат демантирано домашни институции, странски држави и верувале или не Обединетите Нации.

Станува збор за човек кој што што и да каже јавно – тој кажува лаги. На човек како Николоски воопшто не може да му се верува, затоа што едноставно тој нема друга улога во политиката и партијата освен да манипулира и лаже во интерес на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата улога за дежурен манипулатор, очигледно не ја добил случајно.

— реклама —

Затоа денес ќе му поставиме неколку прашања на кои ќе мора да одговори и да се дознае вистината за мрежата која стои зад постојано лажење и плашење на граѓаните за политичка корист на ВМРО-ДПМНЕ.

Го прашуваме Александар Николоски:

— реклама —

Дали тој лично стои позади целата пропагнда на ВМРО-ДПМНЕ платена од унгарски извори? Дали Николоски раководи и посредува во финансирање на мрежата медиуми кои постојано шират дезинформации во државата?

Дали Николоски, кој важи за близок човек со Синиша Алексоски, фамозниот разузнавач на Ѓорѓе Иванов, ја води мрежата на ботови на социјалните мрежи кои стојат зад постојано тероризирање на граѓаните на интернет и ширење страв и паника во криза? Дали тој е креаторот на организирани напади за омаловажување и онлајн булинг на оние кои не мислат исто како него и ВМРО-ДПМНЕ?

Дали тој беше задолжен да создава немир секогаш кога државата ќе беше во некаква криза? Добро се сеќаваме на десетици деманти кои ги добив во време на трите последователни кризи низ кои помина државата.

— реклама —

Ова е само прва серија на прашања кои мора да ги одговори Николоски. Во следните прес-конференции ќе ги разоткриеме неговите врски со сомнителниот бизнис и подземјето.

Граѓаните на изборна единица 4 имаат право да знаат кој ја бара нивната доверба и кој вистински е овој човек.", изјави Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања