Продолжениот викенд завршува, а тоа попладнево се одразува и на состојбата на граничните премини со Грција, каде што се создаваат подолги колони возила.
Според сведоштва на граѓани на социјалните мрежи, на граничниот премин Евзони, за излез од Грција и влез во Македонија, се чека околу час и половина.
Колоната возила се протега од патарината до самиот граничен премин. Покрај македонските возила, во колоната има и автомобили со српски, унгарски и германски регистарски таблички.
Гужва има и на граничниот премин Дојран, додека најбрзо се минува преку Меџитлија. Таму, според сведоштвата, за влез во Македонија се чека околу десетина минути.