Промени тема
Контакт

(Видео) Гужвите го направија своето: Инцидент меѓу возачи на граничниот премин „Евзони“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryi6p0qmcqvo3dcUNiCDt

Повеќечасовното чекање на граничниот премин „Евзони“ синоќа кулминираше со жестока расправија меѓу неколкумина возачи кои со часови чекаа да ја напуштат Грција и да влезат во Македонија.

На снимка објавена околу полноќ во групата „Патот кон Грција“ се гледа како дел од возачите излегуваат од автомобилите, а нервозата прераснува во жестока вербална расправија. Според сведоштвата, тензијата ја предизвикале возачи кои се обидувале да се вклучат преку ред, што предизвикало бурни реакции кај останатите кои со часови чекале во колоната.

Во расправијата се слушаат и македонски државјани кои нервозно им довикуваат на другите возачи, додека ситуацијата во еден момент се заканувала целосно да излезе од контрола.

— реклама —

Синоќа, како и во текот на целиот ден, на граничните премини Богородица и Евзони имаше километарски колони. Илјадници патници чекаа со часови, а во редиците, покрај патнички автомобили, имаше и голем број автобуси полни со туристи кои се враќаа од одмор или патуваа кон Македонија.

Долгото чекање, високите температури и обидите на поединци да се протнат преку ред дополнително ја зголемија нервозата кај возачите.

— реклама —

Видеото е снимено од член на групата „Патот кон Грција“, кој во моментот на инцидентот се наоѓал на граничниот премин „Евзони“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0m4sqnslod543wLRbOE

Колони на Евзони: За влез во Македонија се чека до час и половина

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library0m4sqnslod543wLRbOE

Повеќе од милион патници влегле во Грција преку Евзони од јуни досега

Балкан | пред 1 месец

media-libraryqrk4hkoftgfkeazBL7v

(Видео) Гужви на Евзони: Километарски колони кон Грција

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhdt1ngc49v7g2pJVYQG

Се очекува хаос на граничните премини Евзони и Дојран, оти доаѓа продолжен викенд

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања