Десничарскиот адвокат Абелардо де ла Еспријела положи заклетва како нов претседател на Колумбија, ветувајќи пресметка со вооружените групи и намалување на државниот апарат за дури 40 отсто.
Де ла Еспријела денеска положи заклетва како нов претседател на Колумбија, откако во јуни победи во вториот круг од претседателските избори. Во кампањата тој ветуваше пресметка со вооружените групи, намалување на државниот апарат за дури 40 отсто и обновување на нафтениот и гасниот сектор.
Де ла Еспријела (48), сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, во текот на адвокатската кариера застапувал познати десничарски паравоени формации, а ова е негов прв избран политички мандат, пренесува „Ројтерс“.
Де ла Еспријела, кој во јуни тесно победи во вториот круг од претседателските избори, побара церемонијата да биде преместена од главниот град Богота во Кали, и покрај близината на подрачјата во кои дејствуваат бунтовнички групи.
За безбедноста на инаугурацијата биле ангажирани околу 11.000 војници, а властите вовеле и забрана за летање дронови над Кали и околните подрачја, откако бунтовничките групи претходно користеле дронови за напади со експлозив.
На инаугурацијата присуствувале бројни странски официјални претставници.
Де ла Есприела, претставник на крајната десница, за време на кампањата се залагаше за укинување на стратегијата за преговори со вооружените групи што ја спроведуваше досегашниот претседател Густаво Петро преку програмата „Целосен мир“.
Петро ги оспори изборните резултати и најави дека нема да присуствува на инаугурацијата.