Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Компаниите пријавиле поголеми добивки, данокот на добивка пораснал за 14 проценти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
ujp

Управата за јавни приходи соопшти дека по обработката на даночните биланси за 2025 година е евидентиран раст на даночната основа, пресметаниот данок и нето-даночниот ефект кај данокот на добивка, што укажува на подобри финансиски резултати кај компаниите и стабилна наплата на јавните приходи.

— реклама —

Според податоците, даночен биланс за оданочување на добивка поднеле 25.506 компании, што е повеќе во однос на претходната година, додека над 50.000 компании поднеле даночен биланс за оданочување на вкупен приход.

Кај компаниите што плаќаат данок на добивка, даночната основа и пресметаниот данок бележат раст од 14 проценти во споредба со 2024 година. По пресметките, за доплата остануваат над 5,8 милијарди денари, додека нето-даночниот ефект е зголемен за 33 проценти.

— реклама —

Од УЈП посочуваат дека ваквите резултати се должат пред сè на повисоките добивки кај компаниите и на помалиот износ на користени даночни олеснувања.

— реклама —

Во поедноставениот даночен режим, кој најчесто го користат микро и малите компании, данок на вкупен приход пресметале 3.883 даночни обврзници, што е раст од 8,6 проценти во однос на претходната година.

Кај трговците-поединци, занаетчиите, земјоделците и лицата што вршат самостојна дејност, даночната основа и пресметаниот данок се зголемени за два до три проценти во споредба со 2024 година.

УЈП информира дека по обработката на даночните биланси ќе продолжи со активности за откривање неподнесени пријави, наплата на долговите и контрола на даночната усогласеност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6cmmf0c8v3idcCZpAEn

УЈП испраќа предупредувања до граѓаните: Се проверуваат приливите од странство, следуваат мерки за неплатен данок

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
ujp

Електронска аукција на УЈП: продава деловни простори, дел од стан, возила и индустриска опрема

Македонија | пред 1 седмица

ujp

УЈП ги откри најголемите заработки: 4,2 милиони евра за гевгеличанец, 4,1 милион за охриѓанец, највисоката плата е 189.000 евра бруто месечно

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryh44hrq08ibh3bV4Yktx

Најмладиот милионер во Македонија има 4 години

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања