Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Контејнери пред училиштата и факултетите: Продолжуваат протестите во Франција, полицијата ги засилува контролите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryq6cuukg08r04b9uIbnX

Протестите во образовниот сектор во Франција продолжуваат и покрај најавените владини отстапки. Утрово група средношколци ја блокираше гимназијата „Елен Буше“ во Париз, поставувајќи контејнери за отпад пред влезот и спречувајќи го пристапот до зградата.

— реклама —

Блокади имаше и на Универзитетот „Париз-Сите“, каде што пред објектот биле поставени контејнери, а на протестот учествувале десетина студенти.

— реклама —

Францускиот министер за национално образование, Едуар Жефре, ги повика демонстрантите да не го попречуваат одржувањето на наставата, нагласувајќи дека враќањето на учениците во училишните клупи е приоритет. Тој предупреди дека блокирањето на образовните установи е незаконско.

Полицијата најави засилено присуство околу училиштата и факултетите поради повеќенеделните протести, кои започнаа во средината на септември.

— реклама —

Минатата недела француските министри за образование најавија пакет мерки за смирување на незадоволството. Меѓу нив се откажување на планираното намалување на бројот на работни места во образованието, отворање 500 нови работни места, ограничување на бројот на ученици во одделенијата и обезбедување дополнителни 15.000 места во високото образование.

— реклама —

Сепак, учениците и студентите продолжуваат со протестите, барајќи поголеми вложувања и подобрување на состојбите во образовниот систем на Франција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykvfcfma73hecd55kTgK

(Видео) Демонстрантите во Франција ја распарчија „главата“ на Макрон – се разлетаа конфети и лажни банкноти

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-library8rc112e7sd9bc5UPpff

(Видео) Полицаец се запали среде протести во Франција: Демонстрант го нападна со молотов коктел

Свет | пред 20 часа

media-libraryf8k1v5j6u4rq4TZVGKP

Париз се подготвува за нови протести: Забранети маршеви низ центарот, распоредени 70.000 полицајци, воведен полициски час

Свет | пред 2 дена

media-libraryulcgkm0d9us934OuC9W

Француската влада најави реформи во образованието по пет недели протести

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања