Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Демонстрантите во Франција ја распарчија „главата“ на Макрон – се разлетаа конфети и лажни банкноти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 55 минути -

Свет
media-librarykvfcfma73hecd55kTgK

Необична сцена го одбележа протестот во францускиот град Бордо, каде што над насобраните демонстранти била поставена пињата во облик на глава со ликот на претседателот Емануел Макрон.

— реклама —

Снимката е направена на плоштадот Виктоар, а на неа се гледаат неколку лица качени на метална конструкција. Едно од нив држи долга прачка на која е закачена фигурата, додека друго почнува да ја удира со стап.

— реклама —

По неколку удари, пињатата се распарчува, а врз демонстрантите паѓаат конфети, парчиња хартија и лажни банкноти. Насобраните ја поздравуваат сцената, која брзо се прошири на социјалните мрежи.

— реклама —

Настанот се случил во време на протести против високите трошоци за живот во Франција. Истиот ден во Бордо биле забележани и сериозни тензии, а протестниот марш прераснал во грабежи на улицата Сент-Катерин.

На снимката се забележуваат и неколку знамиња, меѓу кои и палестинско знаме. Засега нема информации за официјална реакција на француските власти во врска со настанот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8rc112e7sd9bc5UPpff

(Видео) Полицаец се запали среде протести во Франција: Демонстрант го нападна со молотов коктел

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryf8k1v5j6u4rq4TZVGKP

Париз се подготвува за нови протести: Забранети маршеви низ центарот, распоредени 70.000 полицајци, воведен полициски час

Свет | пред 2 дена

media-libraryulcgkm0d9us934OuC9W

Француската влада најави реформи во образованието по пет недели протести

Свет | пред 4 дена

media-librarycadgrn7r0d7a1k4bo8e

Макрон призна: Не очекувавме толкави протести и немири во Франција

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања