Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео ) Протести ширум Франција, ангажирани 70.000 полицајци и жандарми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 23 минути -

Свет
media-libraryhiamdkirdnu25S8aPUq

Протестите во Франција продолжуваат и денеска, четврта недела по ред, со учество на млади луѓе и припадници на Движењето „Жолти елеци“. Демонстрантите бараат повисоки плати, поголеми средства за образование и подобра заштита на децата и адолесцентите.

— реклама —

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез најави дека низ земјата се очекуваат од 50 до 60 собири. За обезбедување на протестите се ангажирани 70.000 полицајци и жандарми, исто колку и за претходните три демонстрации, кои започнаа на 24 октомври.

— реклама —
— реклама —

Во Париз протестот против високите цени започна на Плоштадот Република. Поради најавената поворка, затворени се 21 метро-станица долж маршрутата на демонстрантите. Се очекува да се приклучат и активисти за заштита на децата и адолесцентите, како и борци за заштита на климата. Проценките се дека на улиците во француската престолнина ќе излезат меѓу 30.000 и 60.000 луѓе.

— реклама —

Собири се најавени и во Бордо, Рен, Лион и Марсеј. Во Тулуз, пак, мирно заврши протестот на левичарските партии и синдикатите. Според полицијата, на него учествувале 1.800 лица, додека организаторите тврдат дека имало 6.000 демонстранти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybduht2vmm23q42x82L9

Директорите на училиштата во Франција бараат заштита по серијата напади и насилни инциденти

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarycmfa5mp90egg49V1eMu

Франција се сомнева дека Иран стои зад кибер-нападите врз повеќе од 700 супермаркети

Свет | пред 4 дена

media-library345tj8faiv8b5mfXgGf

Странски мрежи ги искористиле немирите во Франција за ширење дезинформации, откриваат документи на ЕУ

Свет | пред 5 дена

media-library0v6p24f891jg2oUcojA

Франција се подготвува за четврти викенд на масовни протести

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања