Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Странски мрежи ги искористиле немирите во Франција за ширење дезинформации, откриваат документи на ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 минути -

Свет
media-library345tj8faiv8b5mfXgGf
unsplash / Pierre-Louis Mièze

Руски, израелски и американски мрежи поврзани со движењето МАГА се обиделе да ги искористат минатомесечните немири во Франција за ширење дезинформации и влијание врз јавното мислење, покажуваат интерни процени на Европската Унија и француското Министерство за надворешни работи до кои дошол „Ројтерс“.

— реклама —

Според документите, целта била да се промовираат наративи за неконтролирана миграција, радикален исламизам и неспособност на француските власти да одржат ред и стабилност.

Руската мрежа позната како „Операција преоптоварување“ ширела лажни видеоснимки претставени како прилози на западни медиуми. Во дел од објавите се тврдело дека мигранти силувале демонстранти или дека се подготвуваат терористички напади.

— реклама —

Сепак, во анализата на ЕУ се нагласува дека нема докази оти Русија или други странски актери ги предизвикале или дополнително ги поттикнале протестите, туку дека станува збор за искористување на веќе постојните немири.

— реклама —

Според процените на француското Министерство за надворешни работи, десетте најгледани објави поврзани со немирите од проруските кругови имале 2,8 милиони прегледи. Наспроти тоа, десет објави од профили поврзани со движењето МАГА достигнале повеќе од 49 милиони прегледи, додека објавите од израелски функционери, медиуми и влијателни личности имале над 35 милиони прегледи.

„Операцијата преоптоварување“ е активна од септември 2023 година и, според извештајот на ЕУ, е насочена кон нарушување на угледот на западни јавни личности, институции и медиуми, како и кон слабеење на европската поддршка за Украина.

— реклама —

Немирите во Франција избувнаа минатиот месец откако протестите поради растот на трошоците за живот и влошувањето на јавните услуги на одредени места прераснаа во насилни судири.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0v6p24f891jg2oUcojA

Франција се подготвува за четврти викенд на масовни протести

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-librarymtnbenpn4oq44rih8qD

Објавени нови детали за хакерските напади врз фрижидерите во продавниците: „Лозинката била 12345“

Свет | пред 2 дена

media-library5480qi6n8ih99PIC5w2

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито поради глобалната нестабилност

Свет | пред 2 дена

media-librarylnqcre09jd5b20nkBqP

(Видео) Тешка автобуска несреќа во Франција, има жртви

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања