Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Франција се подготвува за четврти викенд на масовни протести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-library0v6p24f891jg2oUcojA

Франција влегува во четврти последователен викенд на протести, откако синдикатите, младинските организации и движењето „Жолти елеци“ повторно повикаа на масовни собири низ целата земја.

— реклама —

Во текот на неделата беа организирани блокади и протестни акции, како и генерален штрајк во четвртокот. Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, во него учествувале повеќе од половина милион луѓе, додека синдикатот ЦГТ проценува дека бројот достигнал речиси 1,6 милиони.

— реклама —

За време на викендот се очекува засилено полициско присуство. Во секој од претходните три викенди биле распоредени околу 70.000 полицајци, по насилните инциденти и грабежите што ги следеа протестите.

Незадоволството првично започнало со студентски протести за подобрување на образовниот систем, но во изминатите недели му се приклучиле стотици илјади граѓани. Меѓу главните причини за протестите се растот на цените, ниските плати и недоволните социјални надоместоци.

— реклама —

Како одговор на незадоволството, францускиот премиер Себастијан Лекорну најави дека во понеделник ќе одржи конференција со синдикатите и здруженијата на работодавачи, на која ќе се разговара за куповната моќ на граѓаните и висината на платите.

— реклама —

Владата најави и зголемување на минималната плата, дополнителни вработувања во училиштата и повеќе средства за нивно финансирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymtnbenpn4oq44rih8qD

Објавени нови детали за хакерските напади врз фрижидерите во продавниците: „Лозинката била 12345“

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-library5480qi6n8ih99PIC5w2

Франција размислува за создавање стратешки резерви на жито поради глобалната нестабилност

Свет | пред 4 часа

media-librarylnqcre09jd5b20nkBqP

(Видео) Тешка автобуска несреќа во Франција, има жртви

Свет | пред 1 ден

media-librarybduht2vmm23q42x82L9

Солзавец и судири во Париз по масовните протести во Франција

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања