Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Костадинов во нов судир со СДСМ: Не смее да се дозволи промена на пол без согласност од родители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarycpkqik9doup57lZORsb
FB

Костадин Костадинов, поранешен градоначалник на Струмица и член на СДСМ, јавно се спротивстави на Законот за матична евиденција, кој предвидуваше можност за промена на пол кај малолетни лица без согласност од родителите.

Во објава упатена до своите сопартијци, Костадинов порача дека ваквото решение не претставува социјалдемократска идеја и побара законот да не помине.

— реклама —

„Сметам дека на сите ни е јасно дека ова не е социјалдемократска идеја. Конкретно мислам на Законот за матична евиденција, кој предвидуваше промена на пол на малолетни лица без согласност од родителите“, напиша Костадинов.

Тој посочува дека верува во потребата од заштита на маргинализираните групи, но смета дека постојат граници.

— реклама —

„Јас искрено верувам во добрите намери на социјалдемократијата да заштитува маргинализирани групи, но некои работи се едноставно премногу“, додава тој.

— реклама —

Костадинов повика на обединување во партијата околу ова прашање, оценувајќи дека мнозинството членови на СДСМ ќе бидат на иста страна.

„Во име на консолидацијата, убеден сум дека огромното мнозинство од моите партиски другари, со кои низ годините сум имал различни ставови по многу основи, овој пат ќе бидеме на иста страна. Ова не треба да помине!“, наведува ексградоначалникот.

— реклама —

На крајот, тој повика СДСМ да се врати кон, како што вели, вистинските социјалдемократски вредности.

„Да ја подигнеме социјалдемократијата онака како што и личи како државотворна, прогресивна партија на граѓаните и за граѓаните!“, напиша Костадинов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryn19pbkh4papb1w3f9OO

Костадинов: Субвенции за младите и целосна модернизација по европски стандарди на двете основни училишта во Чешиново Облешево

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
mickoski-i-kostadinov

Костадинов, кој го замрзна членството во СДСМ, од срце му се заблагодари на премиерот Мицкоски за 6,5 милиони евра за Струмица

Македонија | пред 11 месец

kostadinov-strumica

„Народе мој, време е!“ Струмичкиот градоначалник најави кампања 365 дена со луѓето

Македонија | пред 11 месец

kostadinov1

Костадинов можеби ќе се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања