Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryak15htu5rbsccjBORE1

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание, Драган Ковачки, вечерва гостуваше во Тема на денот на Сител телевизија при што одговори на лиферуваните лаги и манипулации со клевети изнесени во јавноста од страна на опозициската СДС, која тој ја оцени како полу распадната партија и воедно со јавноста сподели и прикажа дека го поседува највисокиот национален безбедносен сертификат – државна тајна, кој патем е издаден во времето на СДС и ДУИ.

„Во делот на НАТО сертификатот она што го цело време потенцираат, јас го носам домашниот односно националниот безбедносен сертификат, ова е безбедносен сертификат државна тајна, којшто е издаден во време на СДС и на ДУИ, не е издаден во време на ВМРО-ДПМНЕ. Значи ова е највисокиот степен што постои во државата”, појасни Ковачки.

— реклама —
— реклама —

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки во продолжението обзнани дека го поседува и највисокиот НАТО сертификат, како и фактот дека е предводник на македонската делегација на седниците на НАТО парламентарното собрание и дека учествува на затворени седници на истото.

— реклама —

„Поседувам и највисок НАТО сертификат значи учествувам и на затворени седници на НАТО парламентарното собрание каде што ја предводам македонската делегација. Така да, сите овие лаги и прават штета не само на партијата, туку и прават штета и на Македонија и мислам дека треба да престанат со вакви ад хоминем напади затоа што ако сакаат да бидат државотворна и одговорна партија мора да почнат да се занимаваат малку со креирање на политики коишто одговараат на нивното портфолио“, беше дециден Ковачки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

Kovacki-02.04.2022

Ковачки: Никој не ги спомна со име, ама сами се препознаа како „талогот“

Македонија | пред 1 седмица

dragan-kovachki

Ковачки: Владата работи на економски развој, правда и европска иднина

Македонија | пред 1 месец

media-libraryb2h1umrh3tquaLWM1EX

Ковачки: Заедно испишавме уште една значајна страница од нашата историја, 36 години ВМРО-ДПМНЕ - посветеност, единство и доверба

Македонија | пред 1 месец

media-library0qdqh4a2ca2lbQ2FKTW

Ковачки од Струмица: Мора да се брани македонската вистина, не сме дрво без корен

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања