Промени тема
Контакт

Ковачки со остра порака за Карпалак и Љуботен: Времето не ги лечи раните од 2001 година, тие што бегаа од честа да паднат за Македонија, денес бегаат од вистината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
karpalak-1

Пратеникот и поранешен офицер Драган Ковачки, по повод годишнините од трагичните настани кај Карпалак и Љуботенски Бачила, упати остра порака до, како што вели, „поединци кои профитирале од политиката, а денес судат од удобните фотелји“.

„Додека одредени медиокритети, подпросечни ликови кои преку политиката профитирале за себе и за неколку генерации, плукаа на љубовта и на лудоста за одбраната на својата татковина, па дури си земаа за право да ги омаловажуваат и да ги обезвреднуваат патриотските чувства и делата на македонските бранители, тие што тогаш се криеа и бегаа од честа да паднат за Македонија, денес бегаат од вистината“, напиша Ковачки.

— реклама —

Тој додаде дека времето не ги лечи раните од 2001 година и дека болката и празнината од загубата на соборците остануваат засекогаш: „Раните и не треба да зараснат, затоа што таа болка треба да нè потсетува дека имало време и луѓе кои не мислеле лично на себе, туку на нас.“

— реклама —

Ковачки заврши со порака: „Срцата на јунаците не запираат да чукаат, тие продолжуваат да чукаат во сите искрени македонски родољуби.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Kovacki-02.04.2022

Ковачки: Никој не ги спомна со име, ама сами се препознаа како „талогот“

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
dragan-kovachki

Ковачки: Владата работи на економски развој, правда и европска иднина

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryb2h1umrh3tquaLWM1EX

Ковачки: Заедно испишавме уште една значајна страница од нашата историја, 36 години ВМРО-ДПМНЕ - посветеност, единство и доверба

Македонија | пред 2 месеци

media-library0qdqh4a2ca2lbQ2FKTW

Ковачки од Струмица: Мора да се брани македонската вистина, не сме дрво без корен

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања