Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Ковачки: Со заокружување на бројот 9, Македонска Каменица ќе продолжи да се развива

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library7prm29eae91v6Gmd0bu

„Тука сме за да ја дадеме поддршката за нашиот Димче Атанасовски, да биде реизбран како градоначалник на Македонска Каменица, како и на нашата советничка листа, за да ја продолжиме патеката на развој и заедништво што заедно ја трасиравме заедно од 2021 година. Да продолжиме со промените кои носат подобро утре. Во изминатиот мандат, вашиот градоначалник работеше транспарентно и чесно. Иако беше под постојани контроли и притисоци сакајќи да му наштетат и да ги докажат своите злобни намери, секогаш излегуваше со чист образ, докажувајќи го својот интегритет и посветеност на граѓаните.  И затоа во вториот мандат влегува уште помотивиран и пофокусиран на проекти кои се од важно значење за Каменичани“, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска од народниот митинг во Македонска Каменица, кој беше одржан во рамки на изборната кампања 2025 година, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори.

— реклама —

Ковачки истакна дека кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица, Димче Атанасовски во неговиот четиригодишен мандат реализирал голем дел од проектите за општината и покрај попречувањата и борбата со поранешната власт на СДС и ДУИ.

— реклама —

„Ако имате дилема дали ќе се реализираат зацртаните проекти, погледнете што е направено се досега. Неговите дела зборуваат сами за себе, подобрени патишта и водоводна и канализациона инфраструктура за полесно секојдневие на сите вас, подобрени услови во училиштата и градинките затоа што иднината почнува од нашите деца, вложува во зачувување на традицијата и културата затоа што во коренот е нашата сила. Овие резултати не се случајност, тие се плод на труд, визија и борба со поранешната влада на СДС и ДУИ кои преку свои локални инсталации се обидуваа да го попречат развојот на Каменица. Но овие резултати се и плод на соработка меѓу луѓе кои веруваа во истата цел, а тоа е дека интересот на Каменичани е пред се“, рече Ковачки.

На крај Ковачки истакна дека Атанасовски е вистинскиот избор за Македонска Каменица и ги повика граѓаните да го заокружат бројот 9 со цел општината да продолжи да се развива како и досега.

— реклама —

— реклама —

„Димче Атанасовски е вистинскиот избор под број 9,  заедно со нашата советничка листа, затоа што неговото искуство, посветеност и докажани резултати се гаранција за иднина во која мак каменица ќе продолжи да напредува. Затоа браќа и сестри, ве повикувам да ја градиме нашата заедничка куќа Македонска Каменица, да го поддржите Димче Атанасовски и советничката листа под број 9, да гласаме за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, дециден е Ковачки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dragan-kovachki

Ковачки: Владата работи на економски развој, правда и европска иднина

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryb2h1umrh3tquaLWM1EX

Ковачки: Заедно испишавме уште една значајна страница од нашата историја, 36 години ВМРО-ДПМНЕ - посветеност, единство и доверба

Македонија | пред 2 седмици

media-library0qdqh4a2ca2lbQ2FKTW

Ковачки од Струмица: Мора да се брани македонската вистина, не сме дрво без корен

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryq3hkulk86lgh6YsuPxY

(Видео) Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки, говореше и на албански јазик на собир на Демократската партија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања