Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

„Критикуваме Олимпијада, а: Скопје се пече зошто дрворедите се десеткувани, Вардар е фекална вода, кејот е пустош“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-0010PM

Новинарката Офелија Димковска по повод коментарите за Олимпијадата, потсети дека во Македонија е и полошо, но се заборава да се критикува и менува на подобро.

Нејзиниот статус во целост:

„Немојте да заборавите дека, додека си седите и си коментирате Олимпијада 'ми се свиѓа не ми се свиѓа', како да сте направиле нешто (по)добро, живеете во земја во која:

1. Од кафаните во туристичките центри само во една инспекција беа фрлени 9 тони расипана храна

2. Дека од вести со часови се пренесува во живо гасење на пожари со детално објаснување, се разбира пожарот е во позадина некаде, а и тие што гасат речиси со голи раце.

3. Од петте најбогати луѓе во Македонија двајца се трговци од оние маркети каде што храната мириса на прашок за перење зашто на исто место се чуваат

4. Дека нови политичари парадираат налицкани и манипулираат дека одеднаш нема пари за ништо освен за нивните плати што уредно ќе си ги земат на први во месецот.

5. Дека од каршија Србија има 113 спортисти на Олимпијада

6. Дека градоначалничката што велеше дека ќе има бесплатен превоз, го укина скроз. Таму ќе седи 4 години и ќе го има тоа во биографија. Дека седела и се расправала. Тоа ќе го нема

— реклама —

7. Дека од одбележување 61 година од земјотрес имаше само положување цевеќе

8. Дека креативноста е умрена

9. Дека Скопје се пече како под вршник зашто дрворедите се десеткувани

10. Дека не испрскаа регуларно против комарци па ги има во роеви

11. Дека Вардар е фекална вода.

— реклама —

12. Дека од забава има кафанска забава

13. Дека во Париз врне лие и во такви услови се свири пее игра плови. Да е еден дожд на дивите метални тераси во. Струга, струја луѓето ќе ги убие.

14. Дека кејот е пустош.

Знаете за она 'очи широко затворени'.

— реклама —

Дали да редам уште...

Таа Олимпијада што ја гледате се спрема 4 години во неа се вклучени 20 000 луѓе, многу работеа волонтерски вклучително познати дизајнери кои изработија 1 000 костими а за овие две недели сите француски познати готвачи ќе работат бесплатно за да ги нахранат спортистите...

Знаете вие некој наш познат готвач?

Дали да редам уште...“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5nuft857qi29eDkMkXM

Панорамски разглед по повод 63 години од земјотресот: Скопје ја претвори трагедијата во сила

Скопје | пред 1 седмица

media-librarypr3blv40fpb1d5QFo4k

(Фото) Билбордот „Добредојдовте во Скопје“ експресно отстранет по критиките за грешки направени со вештачка интелигенција

Скопје | пред 2 седмици

media-librarya4a4p7ifcjsn57Ckkd8

(Видео) Ново обележје на влезот во главниот град

Скопје | пред 2 седмици

media-library07vabp3t62h00muycbd

(Видео) Градот Скопје ќе го помогне оркестарот на „Орце Николов“ за настапите во Њујорк

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања