Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Кривична пријава против четири лица од Штип за перење пари и приредување на игри на среќа без лиценца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
paridenari1

Единицата за финансиски истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на МВР во координација со истражителите од истражниот центар на Основното јавно обвинителство за ГОКК вчера (27.11.), поради постоење на основани сомненија за сторени кривични дела до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против четири лица и тоа: Ф.Д. (41) и Е.Д. (43) од Штип за сторено кривично дела по член 156 став 3 од Законот за игри на среќа и за забавни игри а во врска со член 22 од КЗ, и по член 273 од КЗ („перење пари и други приноси од казниво дело“), како и против лицата Е.Д.(19) и Ф.Р (34) исто така од Штип, по член 273 став 4 во врска со став 1 и 2 од КЗ.

Во рамки на вчерашните активности на Единицата, во содејство со ОЈО ГОКК, беа преземени и заокружени сите неопходни оперативни мерки за целосно документирање на случајот, при што беа обезбедени бројни материјални докази, а извршени се и претреси кај осомничените, и притоа беа пронајдени и одземени златен накит, четири луксузни патнички моторни возила, пет моторцикли и еден четирицикл.

— реклама —

Прво и второосомничените како соизвршители во периодот од 01.01.2020 година па наваму заеднички и по претходен договор, спротивно на одредбите од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во нивната семејна куќа во Штип, недозволено, преку глобална интернет мрежа, организирале и приредувале интернет игри на среќа. Сопружниците Ф.Д. и Е.Д. откако обезбедиле средства и компјутерска опрема, ангажирале лица коишто првоосомничената ги обучувала за користење на платформа за опслужување на заинтересирани клиенти, а второосомничениот им давал совети и обезбедувал електронска опрема, телефонски мобилни уреди и СИМ картички за вработените со што дал особен придонес во незаконските дејствија. Со клиентите, кои морало да бидат турски државјани, комуницирале преку апликациите за контакт Skype и Whatsapp нудејќи им поволности за обложување и игри на среќа за што, според првичните сознанија, осомничените добивале одреден процент во криптовалути на „Електронски паричник“, сопственост на првоосомничената.

— реклама —

Со намера да го прикријат изворот на парите, нелегално остварените приходи што ги примале во криптовалути, потоа ги претварале во странска валута – долари или евра и ги пренесувале на „Електронски паричник“ сопственост на менувачница за размена на криптовалути.

— реклама —

Оттаму парите ги подигнувале во готовина, помал дел ги пуштале во промет трансферирајќи ги кон странски државјани со кои немале воспоставено должничко доверителски односи, а поголемиот дел ги внесувале во легални финансиски текови, ги уплаќале на своите денарски сметки и купувале движен и недвижен имот водејќи луксузен живот иако биле невработени, а дополнително и приматели на социјална помош.

Во прикривањето на изворот на парите учествувале и нивната ќерка и четвртопријавеното лице, така што примиле парични средства за кои биле должни и можеле да знаат дека се прибавени од казниво дело со приредување на игри на среќа преку глобална интернет мрежа, и ги пуштиле во оптек набавувајќи две патнички моторни возила.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynrr78uj11n3e5s1L3vA

Со компромитирачки материјали уценувал скопјанец, барал 8.000 евра

Скопје | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Осум пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица приведени

Македонија | пред 9 часа

media-libraryqmmrek8qf5hj5fKMxap

Возач приведен откако удри 13-годишен велосипедист во Скопје

Скопје | пред 12 часа

media-library56t6fcjl7jsebDDcXnh

Приведени возачи низ државата: Алкохол, без дозвола и возење во забранета насока

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања