Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Кривична пријава против четири лица за сторено кривично дело „терористичка организација“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
policija-1313

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 15.12.2024 до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против четири лица: Г.М.(21) од Гостивар за кривично дело „терористичка организација“ (член 394 а став 1) и против Х.Б.(32) од Струга, Р.С.(38) од Гостивар и Т.М.(27) од Гостивар за сторено кривично дело „терористичка организација“ (член 394 а став 2) од КЗ.

— реклама —

Имено, Г.М. на почетокот на 2024 година создал терористичка организација во која членуваат Х.Б., Р.С. и Т.М., како и уште неколку засега непознати лица, па сите заедно формирале терористичка организација-„ќелија“ со основи на идеолошката матрица на познатата терористичка организација ИСИС, со намера за изведување на терористички акт на цивилни или таканаречени меки цели, односно јавни објекти на територија на Република Северна Македонија. За остварување на таа намера, Г.М. формирал повеќе групи на социјалната мрежа телеграм, во кои што споделувал претходно набавен и преведен пропаганден материјал на ИСИС и регрутирал нови членови, се обидел да набави огнено оружје, а набавил и упатства за изработка на импровизирани експлозивни направи кои што потоа требало да ги искористат за извршување на терористички напади. Х.Б., Р.С. и Т.М. членувале во дел од телеграм групите, каде што се споделувале преведени материјали кои претходно биле преземени од официјални медиуми користени од терористичка организација ИСИС како што е „EN-Nebe“ (официјален весник на ИСИС).

По издадена наредба за претрес во дом од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес каде што престојува Г.М., при што се пронајдени и одземени пиштол „гап“ кал.8 мм со празна рамка со метален додаток, два лап топ компјутери, полнач за лап топ, два мобилни телефони со две СИМ картички и истите се доставени до ОЈО за ГОКК.

— реклама —

По извршената анализа на обезбедените електронски докази содржани во телефонот на Г.М., утврдено е дека тој формира и координира активности во својство како “војник на ИСИС тн. Исламска држава“ за медиумска промоција и заштита на терористичката организација, со намена за албанско говорно подрачје. Активностите се одвиваат главно на социјалната мрежа телеграм, при што Г.М. користи телеграм профили со кои што формира и администрира повеќе телеграм групи за организација и преработка на материјали преземени од официјални медиуми користени од терористичка организација ИСИС како што се: “AL-Hayat Media Center“ (официјален медиум на ИСИС), “EN-Nebe“ (официјален весник на ИСИС) и “Al-Bayan-Radio“ (официјален радио канал на ИСИС). Исто така, Г.М. формира неколку други телеграм групи во кои координира активности за ширење на агендата на ИСИС.

— реклама —

Г.М. набавил повеќе фотографии со кои што се поттикнува извршување на терористички акти за време на новогодишните и божиќните празници со намера да ги сподели во телеграм групите кои што ги формирал за да поттикне извршување на терористички напади.

Врз основа на добиени наредби за претрес на дом, на 15.12.2024 извршен е претрес во дом и други простории кај лицата, при што пронајдени и одземени се повеќе мобилни телефони, лап топ и деск топ компјутери, таблет, преносна меморија, видео рекордер, разна документација, листови хартија со натписи на арапски и албански јазик, прстен со амблем на ИСИС, книги со литература на арапски јазик и друго.

— реклама —

Истиот ден, сите лица се лишени од слобода и на 16.12.2024 се изнесени пред судија на претходна постапка, од чија страна им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

Тројца повредени во судир на два мопеда во Маџари, еден е малолетник со тешки повреди

Македонија | пред 19 часа

media-library7mlppie6sdaa5jQszjZ

Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си, вратен во затворот во Прилеп

Македонија | пред 19 часа

media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

„Јагуар“ удри осумгодишно девојче во Гостивар, детето е тешко повредено

Македонија | пред 19 часа

media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm

Пет деца од Велес однесени во „СОС Детско село“, родителите приведени за запуштање и малтретирање

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања