Промени тема
Контакт

Кривична пријава против петмина скопјани за терористичка организација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryobmgvgj7ahim7wKslcy

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против пет лица од Скопје поради сомнение дека сториле кривично дело „терористичка организација“.

— реклама —

Како што соопшти МВР, пријавени се Ј.К. (30), Ј.М. (22), М.Т. (23), Р.К. (23) и Г.М. (34), сите од Скопје. Постапката е поведена врз основа на претходно добиени сознанија и информации од меѓународни партнери, а акцијата била реализирана во координација со Агенцијата за национална безбедност и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

— реклама —

Според истрагата, првоосомничениот кон крајот на 2024 година формирал интернет-медиумски канал и група во која членувале останатите пријавени. Во текот на 2025 и 2026 година тие, според МВР, дејствувале како терористичка организација која јавно повикувала и поттикнувала формирање терористичка организација врз основа на идеологијата на ИСИС и други сродни екстремистички организации.

Во групата биле споделувани пропагандни и идеолошки содржини со цел ширење радикални ставови, идеолошка индоктринација и глорификација на припадниците на ИСИС.

— реклама —

На 16 јуни, со судска наредба, биле извршени претреси на пет локации во Скопје, од кои три во Казнено-поправната установа „Идризово“, каде што дел од осомничените издржуваат затворски казни или се наоѓаат во притвор. Претреси биле извршени и во домовите на двајца од осомничените.

— реклама —

При акцијата биле пронајдени и одземени повеќе електронски уреди кои ќе се користат како доказен материјал во натамошната постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryoj2260cusfgs5QkAM2n

14 возачи приведени за безобѕирно управување, еден возел со 178 км/ч на автопат

Македонија | пред 10 минути

— реклама —
velosipedi

Уапсен 32-годишник во Скопје, се сомничи за кражба на 12 велосипеди

Македонија | пред 12 минути

media-libraryg8r4fkifn4v46H1SKm3

18-годишна девојка од Белгија исчезнала во битолско село Лавци

Македонија | пред 43 минути

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Бегалец од затвор физички ја нападнал поранешната невенчана сопруга

Македонија | пред 44 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања