Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Кривична пријава против полициски службеник за „проневера во служба“ и „лажно пријавување на кривично дело“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
policija-policaec-35-450x270-1

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Д.С. на работно место самостоен криминалистички техничар во СВР Тетово- ОВР Гостивар поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела „проневера во служба“ по член 354 став 3 од КЗ и кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“ по член 366 став 2 од КЗ.

Пријавениот во временски период од јануари до април 2025 година, со намера да се стекне со значителна противправна имотна корист, присвоил 25.000 евра и златен накит, кои му биле доверени во службата, претходно одземени од лице при извршен претрес на дом и други простории при кое истражно дејствие пријавениот преземал полициски овластувања. Одземените предмети биле оставени на чување во службен метален ормар во ПС ОН Гостивар. Парите и златниот накит ги присвоил така што незабележан од никого прво ги изнел парите од службените простории, а потоа во неколку наврати го изнел и златниот накит, кој го продал во златарница во Гостивар.

— реклама —
— реклама —

Пријавениот со цел да ги прикрие своите противправни дејствија, во просториите на ПС ОН Гостивар фингирал дека било извршено кривично дело тешка кражба на металниот ормар, во кој биле оставени одземените предмети, на начин што ја искршил бравата од ормарот и ги отстранил шипките од бравата, а една од хартиените вреќи во кои биле обезбедени предметите ја искинал, додека другата ја фрлил во контејнер.

— реклама —

Пријавениот е лишен од слобода, задржан во полициска станица и ќе биде изнесен пред суд. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки именуваниот да се отстрани од работното место- суспендира до завршување на дисциплинската постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygie3r8ces75vex5smBO

Детали за сообраќајката во која загина 19-годишниот мотоциклист: Уапсен возачот кој избегал од местото, има и видео

Скопје | пред 32 минути

media-librarygnqu2bjk0a52b4wUDn7

МВР со детали за трагедијата во Радишани: Мотоциклист без регистарски таблички загина на лице место

Скопје | пред 18 часа

media-libraryl5dr5ib1eo1b0WN7Y1S

Кај Богородица пронајдени тројца мигранти, едниот со прострелна рана

Македонија | пред 21 час

media-library1vo6kr7l1476ejWDj7a

Пукале кон автомобил во Сарај додека во него седеле две лица

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања