Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Кривична пријава за граѓанин што го навредил Мицкоски? Цела Македонија треба да поднесе пријави против Мицкоски“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library6e42aqrvhlkk4upjTP4

СДСМ преку соопштение реагираше по информацијата дека е поднесена кривична пријава против граѓанин поради навреда упатена кон премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека станува збор за двојни аршини.

— реклама —

Од партијата тврдат дека Мицкоски со години користел навредливи квалификации за граѓаните, наведувајќи дека ги нарекувал „талог на општеството“, „мочуриште“, „медиокритети“, „лешинари“ и „глодари“.

— реклама —

СДСМ прашува дали во конкретниот случај повторно имало политичко влијание врз обвинителството, алудирајќи дека премиерот сакал да покаже дека никој нема право јавно да ја критикува неговата политика.

Во соопштението партијата упатува и критики за економската состојба во државата, обвинувајќи дека додека граѓаните се соочуваат со финансиски тешкотии, премиерот користи државни ресурси за приватни патувања и носи луксузен часовник.

— реклама —

СДСМ ги повика граѓаните да поднесат кривични пријави против Христијан Мицкоски поради, како што наведуваат, неговото „постојано и систематско навредување на народот“.

— реклама —

Воедно, од партијата порачаа дека за, како што тврдат, труење, криминал и корупција, ќе бидат поднесени кривични пријави кога, според нив, ќе дојде „времето на вистината и правдата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања