Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кривична пријава за ексградоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и четири лица: Не смеело да постои градба, а дозволиле реконструкција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarytkiqali49d86ft4Bhry

Секторот за внатрешни работи Струмица поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против пет лица од Струмица, меѓу кои поранешен градоначалник, поради сомнежи за „несовесно работење во службата“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „бесправно градење“.

Пријавата се однесува на К.К. (36), С.Р. (38), М.Т. (42), С.О. (61) и Ѓ.М. (54), при што според МВР, тројца од нив се товарат за несовесно работење, едно лице за злоупотреба на службена положба, а едно за бесправно градење.

— реклама —

Според наводите, М.Т., како службено лице во општинскиот сектор за урбанизам, изготвила одобрение за реконструкција спротивно на деталниот урбанистички план, иако на локацијата не била дозволена градба, а фактички се работело за нов објект.

— реклама —

Раководителката С.Р. е осомничена дека не извршила соодветен надзор и го одобрила документот и покрај тоа што требало да знае дека станува збор за нова градба.

Поранешниот градоначалник К.К. е осомничен дека го потпишал одобрението без да обезбеди соодветна контрола во постапката.

— реклама —

Лицето Ѓ.М. започнало со изградба пред правосилно завршување на постапката, при што, според МВР, на локација каде не е дозволена градба, изградил објект од втора категорија.

— реклама —

Инспекторката С.О. е осомничена дека во надзорната постапка не констатирала бесправна градба и ја третирала како прекршок, иако според документите требало да утврди кривично дело.

Постапката продолжува пред надлежното обвинителство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 18 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 18 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања