Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Кривична против поранешна помошничка на министерот во Центарот за обука на МВР за несовесно работење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-11-14-134623

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Пријавената С.Т. – на работното место помошник на министерот во Центарот за обука на МВР, во периодот од септември до октомври 2023 година, постапила несовесно во вршење на своите должности и овластувања, на тој начин што на лица со кои министерството имало склучено договор за основна обука за полицаец (генерација 2023/2024) им овозможила да продолжат со основната обука и покрај тоа што им бил откажан договорот за основна обука поради тоа што не ги освоиле потребните бодови за продолжување на обуката во друг модул. Пријавената самоволно и незаконски им овозможила да ја продолжат обуката на начин што им биле прифатени поднесените приговори, им било извршено ретестирање спротивно на подзаконските прописи што ја регулираат предметната материја и им овозможила да засноваат работен однос во министерството и покрај тоа што во договорот била предвидена одреба согласно која во случај на спор постапувањето е во надлежност на судот.

— реклама —
— реклама —

Со тоа што им овозможила на кандидатите за полицаец понатамошно право на обука, престој и исхрана во Центарот за обука во МВР, таа го оштетила буџетот на МВР во вкупен износ од 189.777 денари.

— реклама —

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изрече задолжителни мерки да се преиспита основаноста на склучените договори за работа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybami3fdjcs25eeAiKZp

Потрага по скопјанец кој скокнал во Преспанското Езеро по веслата и не излегол од водата

Македонија | пред 1 час

media-libraryv24ll7t5htqvbRI2J13

(Видео) Детали за сообраќајката во која возило излета од булевар во Аеродром и се заби во канделабра

Скопје | пред 4 часа

media-librarytplgk73t27g53DmGrm3

Возеле без дозвола, пијани или со забрана: 15 лица приведени во едно деноноќие

Македонија | пред 5 часа

IMG_4256

Уапсен 19-годишник: преку социјалните мрежи испраќал навредливи пораки и експлицитни снимки од поранешната девојка

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања