Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кривична за бесправна сеча во Радовишко: Уништени 261 дабови дрвја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library8j9bpqbma51r9sUL9EJ

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против две лица од општина Конче поради сомнение дека извршиле бесправна сеча на 261 дабово стебло, предизвикувајќи штета од над 300.000 денари на ЈП „Национални шуми“.

— реклама —

Како што информира Министерството за внатрешни работи, кривичната пријава е поднесена против Ѓ.Н. (43) и Д.Н. (69), двајцата од селото Ракитец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“ по член 226 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според пријавата, на 16 април годинава околу 14:30 часот, на местото викано „Горици“ во атарот на селото Ракитец, без одобрение од надлежен орган, од катастарска парцела сопственост на Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Шумско стопанска единица „Смрдешник“, извршиле бесправна сеча на вкупно 261 стебло дабово дрво.

— реклама —

Со незаконската сеча, како што наведуваат од МВР, на ЈП „Национални шуми“ му била причинета материјална штета во вкупен износ од 304.920 денари.

— реклама —

Случајот е доставен до Основното јавно обвинителство Радовиш, кое ќе постапува понатаму по поднесената кривична пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 16 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 16 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања