Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кривична за осум инспектори: Со години не извршиле надзор во угостителски објект во Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library32upc69icq8893Bh4zB
ФБ

Одделението за внатрешни работи Кочани денеска до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против осум лица поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

— реклама —

Како што соопшти МВР, пријавени се С.Ш.С. (53) од Македонски Брод, С.Ѓ. (59) од Скопје, како и З.М. (64), С.З. (61), Т.К. (42), Н.Д. (43), Г.П. (41) и М.З.С. (44), сите од Кочани. Тие, како службени лица вработени во Државниот инспекторат за труд, се сомничат дека во периодот од 2022 година до 16 март 2025 година несовесно ги извршувале своите службени должности.

— реклама —

Според МВР, иако биле законски обврзани да вршат инспекциски надзор, пријавените ниту еднаш не покренале постапка по службена должност за контрола на угостителски објект во Кочани, кој во период од 13 години бил единствен објект од таков вид на подрачјето на општината.

— реклама —

Со тоа, како што се наведува, не го спречиле незаконското работење на објектот и во континуитет ги изложувале ангажираните лица на опасност поради непроверени услови во однос на работните права, безбедноста и здравјето при работа.

— реклама —

МВР наведува дека на овој начин му овозможиле на угостителскиот објект незаконски да продолжи со вршење на дејноста, при што била остварена противправна имотна корист во износ од 1.255.977 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 4 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 4 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања