Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кривични за две службенички од Струмица: Овозможиле легализација на спорна доградба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryilec84k529dkdfkZoIX
ФБ

СВР Струмица поднесе кривична пријава против две службени лица од Општина Струмица поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, со што, според полицијата, овозможиле легализација на бесправна доградба и стекнување противправна имотна корист.

— реклама —

Кривичната пријава е поднесена против С.Р. (38), раководител на Секторот за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште, и С.О. (61), овластен градежен инспектор во општината.

Според информациите од МВР, првопријавената издала одобрение за надградба на станбен објект иако претходно од страна на општинската градежна инспекција било донесено решение за негово отстранување. Притоа, како што се наведува, одобрението било издадено без да бидат побарани и проверени официјални податоци за евентуални неправилности поврзани со објектот.

— реклама —

Воедно, според пријавата, таа се потпишала и во полето предвидено за градоначалник.

— реклама —

Второпријавената, во својство на овластен градежен инспектор, не постапила согласно законските обврски откако било издадено одобрението за надградба. Наместо да предложи негово поништување и да ја провери законитоста на издадената документација, таа при контролен инспекциски надзор констатирала дека неправилности повеќе нема, ја запрела постапката и го поништила претходното решение за отстранување на бесправната доградба.

Со ваквите постапки, според полицијата, било овозможено легализирање на доградениот објект, со што на инвеститорот му била овозможена противправна имотна корист преку продажба на бесправно изградените станбени површини.

— реклама —

Против двете лица е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а постапката за случајот продолжува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 12 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 12 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања