Промени тема
Контакт

Кронизмот е основен критериум при поделбата на ваучерите за клима уреди, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

„Додека граѓаните во редици чекаат да аплицираат за ваучери за клима уреди, огромен број на поранешни или актуелни партиски функционери од владејачките партии, носители на јавни функции се најдоа на списоците на Министерството за енергетика рударство и минерални суровини“, велат од Левица.

— реклама —

„За огромниот број на партиски активисти кои се „почестени“ со вакви ваучери алармираа голем број на граѓани, кои се сомневаат во транспарентноста при изборот на добитниците. Нивните реакции, а и самите списоци, укажуваат на бројни политички фаворизирања и злоупотреби при респределбата на јавните средства.

— реклама —
— реклама —

Сметаме дека е потребно да се изврши надворешна ревизија на целиот процес, којшто граѓаните оценуваат дека не е реализиран во фер услови. Во отсуство на транспарентност, го повикуваме Министерството за енергетика да ја обелодени листата на сите членови на комисијата која одобрувала ваучери, како и деталите за нејзиното формирање и критериумите според кои се воделе во изборот на корисниците.

— реклама —

Воедно, го повикуваме Јавното обвинителство да го истражи овој случај, и со тоа да утврди евентуелна и спречи идни злоупотреби на вакви процеси. Без транспарентни постапки е невозможно граѓаните да имаат доверба во институциите“, соопшти Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања