Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Крвави судири на границата, 58 пакистански војници убиени во граничен судир со Авганистан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
afganistan

Авганистанските власти соопштија дека во ноќни операции долж границата убиле 58 пакистански војници, како одговор на, како што наведуваат, „повторени повреди на територијата и воздушниот простор на Авганистан“.

— реклама —

Претходно, талибанските власти го обвинија Пакистан за бомбардирање на Кабул и една пазарна област на истокот од земјата. Исламабад засега не ја презеде oдговорноста за нападот.

— реклама —

Портпаролот на талибанската влада, Забихулах Муџахид, изјави дека авганистанските сили зазеле 25 пакистански воени пунктови, убиле 58 војници и раниле уште 30.

Ситуацијата на сите официјални и фактички граници на Авганистан е под целосна контрола, а нелегалните активности се во голема мера спречени“, рече Муџахид на прес-конференција во Кабул.

— реклама —

Пакистан сè уште не ги потврдил информациите за жртвите. Министерството за одбрана на талибанската влада соопшти дека нивните сили извршиле „одмазднички и успешни операции“ во неделата наутро долж границата.

Доколку противничката страна повторно го наруши територијалниот интегритет на Авганистан, нашите вооружени сили се целосно подготвени да ја одбранат земјата и да дадат силен одговор, се наведува во соопштението.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

rudnik

Се урна рудник за злато во Авганистан, загинаа најмалку пет рудари

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryncn00gc4vgira8gRohn

Силен земјотрес го погоди Авганистан, потресот почувствуван и во Пакистан и Индија

Свет | пред 4 месеци

media-libraryh07p5thnofnr93ARHsW

Во Авганистан родители продаваат деца за да преживеат: „Немаме ни леб“

Свет | пред 5 месеци

media-librarymfqvrrgn84715wlA0p4

Ескалираат тензиите меѓу Пакистан и Авганистан

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања