Промени тема
Контакт

Се урна рудник за злато во Авганистан, загинаа најмалку пет рудари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
rudnik

Најмалку пет рудари загинаа при уривање на рудник за злато во северната авганистанска провинција Такхар, соопштија локалните власти.

— реклама —

Рудникот се наоѓа во областа Шах Мастан, во округот Чах Аб, изјави портпаролот на полициската команда во Такхар, Кари Накибулах Масрур.

— реклама —
— реклама —

Масрур соопшти и дека на почетокот на неделава биле спасени 10 рудари, кои претходно два дена биле заробени во друг рудник за злато во областа Самти, исто така во округот Чах Аб. Засега не се познати околностите поради кои рударите останале заробени.

— реклама —

Уривањата на рудници се чести во Авганистан, земја богата со минерални ресурси како железо, бакар, олово, цинк и злато, но и со јаглен и скапоцени камења.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryncn00gc4vgira8gRohn

Силен земјотрес го погоди Авганистан, потресот почувствуван и во Пакистан и Индија

Свет | пред 3 месеци

— реклама —
media-libraryh07p5thnofnr93ARHsW

Во Авганистан родители продаваат деца за да преживеат: „Немаме ни леб“

Свет | пред 4 месеци

media-librarymfqvrrgn84715wlA0p4

Ескалираат тензиите меѓу Пакистан и Авганистан

Свет | пред 6 месеци

media-librarylenla4lvof1f2eR0mo4

Најмалку 42 цивили загинати во судирите меѓу Авганистан и Пакистан

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања