Промени тема
Контакт

Куба повторно остана без струја, трет колапс на електроенергетскиот систем за помалку од две недели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library4k82urp3khp83iNJzbf
unsplash

Куба повторно остана без електрична енергија, откако националниот електроенергетски систем целосно колабираше по третпат за помалку од две недели.

— реклама —

Државната електрокомпанија соопшти дека до прекинот дошло по дефект во производствена единица во источната провинција Холгин, што предизвикало нагла промена на фреквенцијата и пад на целиот систем.

Властите информираа дека веднаш биле активирани протоколите за постепено обновување на снабдувањето, при што најпрво се воспоставуваат изолирани електроенергетски мрежи за болниците, прехранбените капацитети и другите приоритетни објекти.

— реклама —

Во текот на денот, електричната енергија делумно беше вратена во одредени делови од Хавана, како и во неколку други провинции.

— реклама —

Последните прекини дополнително ја продлабочија кризата на островот, каде повеќе од девет милиони жители веќе со месеци се соочуваат со чест недостиг на струја. Прекините влијаат врз јавниот превоз, здравството, снабдувањето со вода, телекомуникациите и воздушниот сообраќај.

Според властите, кризата дополнително се влошила по американските мерки со кои беше ограничен увозот на нафта. Куба произведува околу 40 проценти од потребното гориво, а остатокот традиционално го обезбедува преку увоз.

— реклама —

Во меѓувреме, четворица демократски членови на американскиот Конгрес, кои неодамна ја посетија Куба, остро ја критикуваа политиката на администрацијата на Доналд Трамп, оценувајќи дека енергетското ембарго ја претвора Куба во „тивка Газа“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP

Куба вложи милиони во нуклеарка, но никогаш не ја заврши

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryrn6bu33g13kv34UeU1b

Куба повторно остана без струја, колабираше националната електроенергетска мрежа

Свет | пред 2 месеци

media-library4k82urp3khp83iNJzbf

Куба сè уште во мрак, милиони луѓе чекаат струја

Свет | пред 2 месеци

media-library4k82urp3khp83iNJzbf

По децении државна контрола, Куба подготвува нови економски реформи

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања