Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Кубанскиот претседател: САД вршат „геноцид“ врз Куба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2
screenshot x

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел ги обвини Соединетите Американски Држави дека вршат „геноцид“ врз Куба и се обидуваат да ја преземат контролата врз островската држава.

— реклама —

„Обвинувам дека Куба е жртва на ладнокрвно испланиран геноцид“, изјави Дијаз-Канел, оценувајќи дека американските мерки претставуваат „економско задушување“.

— реклама —

Според него, американското ембарго за нафта, воведено во јануари, предизвикало секојдневни прекини во снабдувањето со електрична енергија, кои во некои делови на земјата траат повеќе од 20 часа. Тој тврди дека индустриското производство е речиси запрено, додека недостигот од вода и лекови дополнително ја влошил кризата.

Во меѓувреме, компаниите „Виза“ и „Мастеркард“, шпанскиот хотелски синџир „Мелија Хотелс Интернешнл“, како и авиокомпаниите „Ер Канада“ и „Ер Франс“, ја напуштиле Куба поради кризата.

— реклама —

Изјавите на Дијаз-Канел следуваат откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја „преземе“ Куба по настаните поврзани со поранешниот венецуелски претседател и кубански сојузник Николас Мадуро.

Кубанскиот претседател оцени дека станува збор за кампања насочена против целото население со цел, како што рече, присвојување на земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydkqt4vft97l19PBbnyQ

Меланија Трамп договорила прекин на огнот меѓу Русија и Украина – Белата куќа ги објави деталите

Свет | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryagnb1p2qks9i2dahmpI

Трамп: „Мислам дека имам право повторно да се кандидирам, бидејќи ме измамија“

Свет | пред 1 ден

Screenshot-2025-01-13-at-17.34.00

Трамп тврди дека Маск ги укинал ограничувањата, украинските дронови и натаму губат врска

Свет | пред 1 ден

media-libraryteu6j0ffbemj5i0APju

(Видео) Трамп почнал да испушта чудни звуци среде говор: „еех“, „пиу, пиу“ и „бум“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања