Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Кукуреља даде необично ветување: Ако Шпанија стане светски првак, на бицепсот ќе го истетовира лицето на селекторот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Спорт
media-libraryke2p5avbisvvc0v9a6l
Facebook/FIFA

Шпанија и Аргентина в недела од 21 часот во Њујорк ќе се борат за титулата светски првак, а евентуалниот триумф на „црвената фурија“ би можел да донесе и едно необично исполнување на ветување од Марк Кукуреља.

— реклама —

Левиот бек на шпанската репрезентација пред почетокот на Светското првенство изјави дека ќе го истетовира ликот на селекторот Луис де ла Фуенте доколку Шпанија ја освои титулата.

— реклама —

„Доколку Шпанија го освои Светското првенство, ќе го истетовирам лицето на селекторот Луис де ла Фуенте“, изјави Кукуреља.

Ова не е првпат шпанскиот репрезентативец да даде вакво необично ветување. Пред Европското првенство во 2024 година, тој најави дека ќе ја обои косата во црвена боја ако Шпанија стане европски шампион.

— реклама —

Откако Шпанија ја совлада Англија со 2:1 во финалето и ја освои европската титула, Кукуреља го исполни ветувањето и ја обои својата препознатлива долга коса во црвена боја.

— реклама —

Доколку Шпанија ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство, 27-годишниот дефанзивец ќе треба повторно да остане доследен на својот збор, овојпат со тетоважа од ликот на селекторот Луис де ла Фуенте.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryta6ouhu7c3v78u43Jtr

Мурињо откри дали брадата му носи среќа пред Ел Класико

Спорт | пред 1 седмица

— реклама —
media-library5odsev01qor28PWHJZq

Мбапе доби зелено светло од Реал, дали се подготвува изненадување за „Златната топка“?

Спорт | пред 1 седмица

media-librarykthm4fckl1lb2xnwFXE

(Видео) „Двојните стандарди мора да престанат“: Озил упати порака до ФИФА

Свет | пред 1 седмица

media-library98ltv1m2m1v82yfCkaG

Почина Бо Јохансон, селекторот што ја одведе Данска до историското четвртфинале на СП 1998

Спорт | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања