Промени тема
Контакт

Културно друштво „Иван Михајлов“: Како што Путин создаде држава во Донбас, така и Тито ја создаде Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
278590698_657254308700253_1594293267548156360_n

Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, каде што вчера беше отворен клуб од бугарскиот државен врв, денеска излезе со реакција на вчерашните протести во градот под Пелистер. Од таму велат дека историскиот лик Ванчло Михајлов е продолжувач на делото на Гоце Делчев и Даме Груев.

— реклама —

„Се разбира - и дека Бугарите биле фашисти !!! Но, тоа веќе болно го знаеме од судењата низ кои поминаа илјадници и илјадници македонски патриоти во последните децении под обвинение дека се фашисти затоа што не го криеја своето бугарско достоинство и омраза кон југословенскиот окупатор. И така вчера повторно ги видовме, истите полуживи соработници на југословенскиот режим. Целта на скандалот беше да се засени фактот дека стотици македонски Бугари дојдоа да ја видат бугарската делегација и особено официјално да го отворат клубот кој со гордост го носи името на легендарниот водач на вистинската историска ВМРО - ИВАН МИХАЈЛОВ, наследникот на Гоце, Даме и на Тодор Александров. Но, ништо не успеа да го исплаши мнозинството македонски патриоти, кои дојдоа да покажат дека и покрај манипулацијата со пописот, и покрај лажните податоци од него, ние сме многу. И ние не се плашиме“, гласи соопштението на центарот.

— реклама —
— реклама —

Од таму велат дека како што за рускиот претседател Владимир Путин „жртвите во Донбас се фашисти, така и во Македонија бугарскиот идентитет е прогласен за фашизам“.

„Несомнено, денес, како и Путин, кој жртвите на неговата криминална агресија ги прогласува за „фашисти“, и сè уште живите делови од југословенската сатрапија во нашата Македонија (сега „Северна“) го дефинираат како фашизам неизбежното враќање на бугарскиот идентитет во Битола, Охрид, Велес, Штип... во сета наша напатена Македонија. Оваа коинциденција не е ниту случајна ниту изненадувачка. Тие се браќа по оружје и браќа за криминал. Како што Путин ги создаде Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република во окупираниот Донбас, така и Тито ја создаде Македонската Народна Република во нашата окупирана татковина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

Потона товарен брод кај бугарскиот брег, 11 морнари се водат како исчезнати

Балкан | пред 21 час

— реклама —
media-library067df65ukbjb4AVFG31

Бугарија ќе го повика рускиот амбасадор по инцидентите со бродови кај нејзиниот брег

Свет | пред 1 ден

media-libraryisls4fucpevc8tHiIAJ

Убиен познатиот бугарски бизнисмен Илијан Филипов

Балкан | пред 2 седмици

Car_Samoil

Посмртните останки на цар Самоил, кои се откриени во Малото Преспанско Езеро, ќе бидат пренесени од Солун во Бугарија на 3 октомври

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања