Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Кузеска: Мицкоски повторно слеп за самоволието на Гаши, МВР да ги покаже налозите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Скандалите на Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН не запираат и секој следен е поскандалозен од претходниот.

Најновото своеволие на претседателот на Собранието, Африм Гаши, потврдува дека не само што немаат намера да престанат со прекршување на правилата, туку тоа ќе го прават без да се грижат што мисли јавноста и граѓаните.

По објавите на медиумите, дека Африм Гаши приватно со цела свита обезбедување бил на свадба во Косово, денес институциите МВР и Собрание должат повеќе одговори. Вчерашните неуспешни обиди да ја заташкаат веста нема да им поминат.

— реклама —

Тошковски и МВР треба во најкус рок да одговорат, дали имал Гаши патен налог и документација со себе за ова одење по невеста?

По кој основ бил даден налогот и на колку денови?

Бараме налозите, се разбира ако постојат, да се објават во јавноста. Граѓаните веќе не им веруваат на зборовите на Тошковски и МВР, потребни се докази.

— реклама —

Понатаму го прашување скандал мајсторот Гаши, да одговори пред граѓаните, дали е етички со службено возило да оди по невеста во Косово?

Дали знае дека тој може со приватно возило да патува и покрај тоа што неговото обезбедување може да користи службени возила?

— реклама —

Дали знае дека е понижување за државата, вториот човек по ранг да оди по свадби и по невести со службено возило во соседни држави?

Свесен ли е Гаши воопшто за важноста и достоинството кое треба да го носи позицијата Претседател на Собрание или го смета тоа за приватна своина?

Понатаму го прашуваме Мицкоски, до кога ќе ги гази сопствените ветувања?

— реклама —

Зошто го убедуваше народот дека секој политичар од неговата Влада кој се однесува непримерно и несоодветно ќе биде сменет?

Или тоа не важи за албанскиот коалициски партнер на ДПМНЕ.

Мицкоски ја труеше јавноста и граѓаните дека му е потребен нивниот глас за да ги спаси од самоволието на ДУИ, за на крај прво да направи коалиција со ДУИ и им го надгради балансерот, а потоа да мижи пред понижувањата од ВЛЕН.”, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања