Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Време е да се укине луксузот на власта а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме, парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници, вели Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ.

— реклама —

„Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“.

— реклама —

Имало пари за нов авион, мебел, уредување кабинети, коли, нека направат ребаланс на Буџетот и да ги пренаменат парите за плати.

— реклама —

Тешкото секојдневие, високите сметки и цените на храната ги доведоа работницичките семејства на работ, тие не можат да врзат крај со крај.

Над 200 илјадници работници имаат плати под 30.000 денари а синдикалната месечна кочнишка е веќе 66 иллјади денари.

Не стигаат платите за ништо, со минимална плата не можат да ги покријат основните трошоци, а нивниот труд останува потценет.

Со носење на „економски работници“ цената на трудот владата дополнително ја намалува.

Затоа работниците се приморани да протестираат на улиците. За достоинствени плати, за достоинвен живот, за корка леб.

Додека Мицкоски се луксузузира на сметка на народот и си оди на море со владиниот авион, со часовници од 60 илјади евра.

Уште им порачува на работниците дека платите им се добри, затоа што смета дека толку и работат.

Доста е луксуз на грбот на народот, доста е расфрлање со милиони, авиони, мали или големи.

Законот за минимална плата, поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата е дневен ред во Собранието.

Прифатете го. Направете ребаланс, парите за нов авион пренаменете ги за поголеми плати.

Без изговори. Без калкулации. Работниците да добијат плати какви што заслужуваат“, вели Кузеска.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye4qrcdh7dh4t3SrFGXr

Кузеска: Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море на одмор

Македонија | пред 3 дена

media-library0b5lnrd0gtsr0QJuOOe

СДСМ: „Мицкоски го остави судството без реформи, Јаневска ги остави учениците без учебници“

Македонија | пред 4 месеци

media-library9l6flv6cdgapfoN2FbM

СДСМ обвинува: Патниците се изложени на ризик, расипаниот радар е резултат на партизацијата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 месеци

pozar-helikopter-

Среде најголемите пожари, 400 пожарникари оставени без плата, обвини СДСМ

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања