Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: „Мицкоски го остави судството без реформи, Јаневска ги остави учениците без учебници“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-library0b5lnrd0gtsr0QJuOOe

Опозициската СДСМ денеска упати серија критики кон власта, обвинувајќи за неисполнети ветувања и неработење во клучни сектори – правосудството и образованието.

— реклама —

Во соопштение од партијата се наведува дека премиерот Христијан Мицкоски повторно се обидел да ја изманипулира јавноста со празни флоскули за судството и обвинителството, додека фактички, откако е на власт, не донел ниту еден реформски закон. „Наместо ветените промени, Мицкоски го претвори правосудството во партиска филијала – со судии сопружници на негови градоначалници и роднини на коалициските партнери“, стои во реакцијата.

СДСМ оценува дека Мицкоски една година ја потрошил во политички пазарења и кадровски комбинации, додека судството го држи „во заложништво на ВМРО-ДПМНЕ“.

— реклама —

Паралелно, на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, го отвори прашањето за учебниците, обвинувајќи ја министерката за образование Весна Јаневска дека ги оставила учениците без основното право на квалитетно образование.

— реклама —

„Помина цел месец од почетокот на учебната година, а учебници сè уште нема. Власта ветуваше дека секој ученик од 1 септември ќе има учебник, а излажа. Родителите не се должни да печатат материјали дома, ниту наставниците да импровизираат“, изјави Кузеска.

Таа додаде дека Министерството мора да обезбеди план, логистика и контрола, и веднаш да ги достави учебниците до училиштата. „Весна Јаневска мора да понесе одговорност затоа што излажа и затоа што учениците ги остави без учебници“, порача Кузеска.

Од СДСМ велат дека ова не е прашање на политика, туку прашање на иднината на децата и целиот образовен систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 1 ден

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања