Промени тема
Контакт

Кузмановски: Ветувам чесна и одговорна работа, младите ќе бидат во фокусот на СДСМ во Демир Хисар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-library00bukvg9ct52cTgBM9m

Време е за промени, доста беше уништувањето од ВМРО-ДПМНЕ 4 години. Време е Демир Хисар да добие чесно, отчетно и одговорно раководење“, истакна на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата, кандидатот за градоначалник на општина Демир Хисар Златко Кузмановски.

Порача дека актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните, ветуваше многу, а реализираше нула.

Граѓаните од секое населено место знаат и гледаат за неговото неработење, а разочараноста е и повеќе од видлива. Но, најтрагично е што младите во 4-годишното владеење воопшто не беа приоритет. Младите не смееме да ги гледаме само како бројка. Младите не смееме да ги гледаме само како иднина. Тие се нашата сегашност. Без млади, нема општина, нема иднина, нема ниту развој. Затоа нашата визија е јасна: младите да ја гледаат својата иднина тука, дома, а не во други држави, порача Кузмановски.

— реклама —

Најави конкретни мерки за младите: изградба на младински центар, поддршка за младинското претприемништво, субвенции за млади бизниси, можности за практиканство и работа.

Секој запишан ученик во СОУ ‘Крсте Петков Мисирков’ ќе добива по 3.000 денари месечно, а секој најдобар ученик од основните училишта и средното училиште ќе биде награден. Ќе обезбедиме ослободување од партиципација за градинка за децата кои доаѓаат од семејства од социјален ризик, истакна Златко Кузмановски, додавајќи дека ќе биде обезбедена поддршка и за жените, кои мора да знаат дека општината е нивен сојузник и поддршка.

Кузмановски порача дека Демир Хисар мора да стане општина по мерка на граѓаните – општина која слуша, која е отворена и транспарентна. „Секој граѓанин ќе знае каде одат јавните пари“, подвлече тој.

— реклама —

Посебен акцент стави и на културата и историјата: ќе биде уреден спомен-паркот на Даме Груев во Смилево, како и сите локални патишта кои водат до него, за да се зачува историската меморија и да се поттикне локалниот туризам.

Ветувам работа. Ветувам напредок. Ветувам безбедност, стабилност, иднина. Ветувам дека вашиот глас ќе биде дел од секоја моја, наша одлука. Изборите што доаѓаат не се само избор на градоначалник. Тоа е избор каков Демир Хисар сакаме. Ќе избереме дали остануваме заробени во минатото со нула реализација на проекти од страна на актуелниот градоначалник или ќе чекориме заедно кон иднината, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Демир Хисар, Златко Кузмановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Македонија губи првачиња – младите се иселуваат а Владата увезува „економски работници“

Македонија | пред 4 часа

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

„Без оставки од Стоилковиќ и Китановиќ – Мицкоски потврдува дека Младиќ е и негов генерал“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли тврдењата на СДСМ за Мицкоски и центрите за податоци

Македонија | пред 1 ден

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

„Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања