Промени тема
Контакт

„Лагите за „трета економија“ ги разби и ММФ, дури и Косово е пред нас“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library2b0dbj5q2joc30TU15J

СДСМ преку соопштение тврди дека најновите економски проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) не ги потврдуваат, како што наведува партијата, тврдењата на Владата дека Македонија ќе биде меѓу најбрзорастечките економии во Европа.

Според СДСМ, ММФ прогнозира просечен економски раст на македонската економија од три проценти во периодот до 2031 година, при што, како што наведуваат, повеќе европски земји, меѓу кои Албанија, Србија, Косово, Молдавија, Украина и Малта, имаат повисоки проекции за економски раст.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека состојбата во економијата е загрижувачка и ја критикуваат Владата поради, како што велат, зголемувањето на буџетскиот дефицит и јавниот долг.

Во соопштението се наведува дека инфлацијата продолжува да ја намалува куповната моќ на граѓаните, а дека домашното и странското задолжување, според СДСМ, дополнително го зголемуваат товарот врз јавните финансии.

— реклама —

СДСМ тврди дека во изминатите две години јавниот долг е значително зголемен и обвинува дека средствата не се насочуваат кон капитални инвестиции и мерки за подобрување на животниот стандард, туку кон, како што наведуваат, непродуктивни трошења.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека на Македонија ѝ е потребна јасна развојна стратегија и политики насочени кон економски раст, инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq3823t9651499RRxtqD

(Видео) Цветаноски: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спас

Македонија | пред 21 минута

— реклама —
media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

„Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 2 часа

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ до Божиновска: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на Лазаревиќ

Македонија | пред 1 ден

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија - народот не се прашува

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања