Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Лавров предупредува на ризик од директен судир меѓу НАТО и Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
sergej-lavrov

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, изјави дека според проценките на Москва, земјите членки на НАТО спроведуваат подготовки за можен воен конфликт со Русија во наредните години.

Во интервју за рускиот весник „Известија“, Грушко оцени дека главната цел на НАТО и Европската Унија е постигнување „стратешки пораз“ на Руската Федерација.

„Ако ја погледнеме суштината на нивната политика, нивните активности на меѓународната сцена и приоритетите што ги артикулираат земјите од НАТО и ЕУ, може да се заклучи дека нивната главна цел е стратешки пораз на Русија“, изјавил Грушко.

— реклама —

Тој додал дека Москва смета оти Алијансата навистина се подготвува за можен воен судир со Русија околу 2030 година.

Руските медиуми потсетуваат дека минатата недела и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во авторски текст на тема „Украина, Европа и глобалната безбедност“ изнесе слични ставови.

— реклама —

Според Лавров, европските држави на различни начини се обидуваат да добијат време за до 2030 година да достигнат целосна воена подготвеност за евентуален конфликт со Русија.

— реклама —

Лавров, исто така, предупреди дека актуелната меѓународна ситуација носи ризик од директен судир меѓу НАТО и Русија, кој, според него, би можел брзо да ескалира.

Од НАТО во повеќе наврати претходно истакнаа дека Алијансата има одбранбен карактер и дека не бара конфликт со Русија, но нагласуваат дека ќе продолжат да ја зајакнуваат безбедноста и одбранбените капацитети на земјите членки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Путин може да ја запре војната кога било, но тоа би ја загрозило неговата судбина, вели Стиер

Свет | пред 3 дена

media-libraryu3p05t06rhep3DSDmk1

Белите патики на Рама предизвикаа критики на Самитот на НАТО

Свет | пред 5 дена

mark-rute

Шефот на НАТО со порака до младите Руси: Размислете двапати пред да одите во војна

Свет | пред 6 дена

mark-rute-1

Шефот на НАТО: Војната во Иран е надвор од територијата на Алијансата

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања