Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
1-1-1

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила во полиција дека била жртва на тешка измама, при што останала без 30.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Како што е пријавено, на 23 јануари 2026 година во 08:50 часот, во ОВР Виница, жената навела дека била телефонски контактирана од лице кое се претставило како лекар од Словенија. Тој ѝ кажал дека нејзината ќерка, која наводно била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и дека итно била потребна поголема сума пари за нејзина операција.

— реклама —
— реклама —

Верувајќи во кажаното, оштетената ги подигнала парите од банка, по што, според инструкциите што ги добила, во дворот од својата семејна куќа ги предала на лице кое било испратено да ги преземе. Дури откако подоцна стапила во контакт со својата ќерка, сфатила дека станува збор за измама.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Возач прегази пешак во Скопје и побегна, полицијата го уапси

Македонија | пред 10 часа

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

По недоразбирање го пресретнале со две возила, еден од нив му вперил пиштол и го нападнал со кундакот

Македонија | пред 16 часа

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Жена пријавила дека сопругот во бракоразводна постапка ја следел и испраќал фотографии од локацијата на нејзиниот син, а преку друго лице му упатил закани на нејзиниот син

Македонија | пред 16 часа

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Приведен скопјанец осомничен за напад врз својата партнерка

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања