Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Лажни лекари и сообраќајни несреќи: Притвор за маж од ресенско осомничен за серија измами, стари лица останале без 7.000 евра и злато

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library9vdd0vlq5cqs3wLxE2Y

Министерство за внатрешни работи информира дека е лишен од слобода 40-годишен маж од ресенско, осомничен за повеќе измами врз повозрасни лица во Битола, при што судија на претходна постапка му определил мерка притвор во траење од осум дена.

— реклама —

СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Регионалниот центар за гранични работи Запад и Регионалниот центар за гранични работи Југ, до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против В.П. (40) од селото Стење, ресенско, со престој во Битола, како и против едно непознато лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според информациите од МВР, на 5 февруари 2026 година, околу 11:30 часот во Битола, осомничените со цел да прибават противправна имотна корист довеле во заблуда 72-годишна битолчанка. Второосомничениот ѝ се јавил на мобилен телефон, лажно претставувајќи се и тврдејќи дека нејзината снаа е тешко повредена и дека итно се потребни пари и злато за операција. По кратко време, соучесникот дошол во домот на оштетената, која му предала златна огрлица и златно ланче со привезоци, со што сторителите се стекнале со противправна корист од околу 40.000 денари.

Само еден ден подоцна, на 6 февруари 2026 година, околу 9:30 часот, во близина на Саат-кулата во Битола, истите лица измамиле уште една 76-годишна битолчанка и нејзиниот сопруг. Во овој случај, второосомничениот повторно се јавил телефонски, претставувајќи се како доктор од охридска болница и тврдејќи дека нивната внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и дека мора итно да се изврши операција. Оштетените, според договореното, отишле кај Саат-кулата и на првоосомничениот му предале 7.000 евра.

— реклама —

По пријавувањето на случаите, полициските службеници презеле низа мерки и активности за нивно расчистување. Извршени биле претреси на повеќе локации што ги користел осомничениот В.П., при што биле пронајдени предмети за кои се сомнева дека потекнуваат од кривичните дела. По тоа, тој бил лишен од слобода, против него била поднесена кривична пријава, а судот му определил притвор од осум дена.

— реклама —

Од МВР информираат дека интензивно се преземаат мерки и активности за пронаоѓање и лишување од слобода и на второосомниченото лице.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytplgk73t27g53DmGrm3

МВР со засилени сообраќајни контроли низ државата

Македонија | пред 11 час

media-library3v441ivihsja208Z9sU

Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес

Македонија | пред 12 часа

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Приведени четворица македонски и еден швајцарски државјанин поради марихуана

Македонија | пред 14 часа

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

Полицијата приведе 19-годишник, возел без возачка дозвола

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања