Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ЛДП бара враќање на стариот член 353: Без лимити на казните и без застарување на корупцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-12-07-at-12.47.55

На денешната амандманска расправа во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, посветена на новиот Кривичен законик, претседателката на Либерално-демократска партија и пратеничка, Моника Зајкова, поднесе амандман со кој се бара воспоставување поефикасна и построга правна рамка за борба против корупцијата во јавниот сектор.

Зајкова побара со амандманите да се врати стариот член 353 од Кривичниот законик, иако, како што нагласи, таа лично не гласала за таа одредба во минатото. Според неа, старата формулација е подобра затоа што, во случаи кога со делото е предизвикана значителна штета, не постои горна граница на казната, туку минималната казна започнува од три години затвор, со можност таа да достигне и до 20 години, што директно ја отежнува можноста делото да застари.

— реклама —

Таа остро реагираше и на предложените измени во членот 353-в, каде што се брише ставот 5, со кој, како што посочи, биле опфатени службени и одговорни лица во органите на државната управа, меѓу кои министри и директори именувани од Владата. Според Зајкова, со оваа интервенција практично се врши декриминализација на криминално однесување.

— реклама —

„Не знам зошто е важно кој кога бил на власт. Ако веќе носите ваков закон, тогаш поправете ги слабостите што се направени. Која европска регулатива поставува лимити на казните за тешки кривични дела? Ако штетата е значителна, не може да има казна од-до. Треба да се оди кон највисоката граница на казнивост и на тој начин да се спречи застарувањето, кое често го гледаме во пракса“, изјави Зајкова на седницата.

Во реплика на пратеникот Бојан Стојаноски, таа посочи дека со претходните измени на Кривичниот законик биле ослободени голем број лица, додавајќи дека доколку бил прифатен предлогот на ЛДП за воведување преодна одредба со која ќе се продолжи рокот на апсолутна застареност за предмети со првостепени пресуди кои се наоѓаат пред Апелациониот суд, немало да застарат и бројни случаи поврзани со негови сопартијци.

— реклама —

Во реплика до пратеникот Љупчо Пренџов, Зајкова оцени дека кога ќе им се презентираат факти, дел од пратениците, како што рече, „глумат синдром на жртва“.

— реклама —

Таа посебно се осврна и на делот за јавните набавки, наведувајќи дека бројни експерти укажуваат оти со предложените решенија се стеснува описот на кривичното дело и се декриминализираат одредени форми на незаконско однесување. Според неа, во законското решение не се опфатени клучни појави како фаворизирање на тендери, местење технички спецификации, избор на однапред познат понудувач, како и злоупотреба на јавни фондови и други државни средства.

„Ако веќе правиме реформи, да ги направиме како што треба, а не да оставаме празнини што ќе значат амнестија за сериозни злоупотреби“, порача Зајкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2bg79bitcebr989lcH7

ЛДП: 10.000 граѓани побараа заштита, Собранието мора веднаш да реагира!

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

Македонија | пред 1 ден

media-library33an4rud3lsh4WXzvne

ЛДП: Славевски и Владата тотално забегаа! Сѐ уште мислат дека со 10.000 денари неделно народот живее луксуз

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycqre8khoipbt4AXth40

ЛДП: Можна страшна економска хаварија - АЛТА е само првото домино од увозот на сомнителен српски и унгарски капитал!

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања