Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ЛДП: Народна банка бара нов сопственик за Алта Банка, народот бара одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
LDPlogo-620x360

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение бара целосна финансиска ревизија и политичка одговорност за состојбата со „Алта банка“, откако Народната банка презеде мерки за воведување привремена администрација и започна да бара нов сопственик за банката.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека банкарската криза е последица на, како што наведуваат, политички влијанија и сомнителни деловни зделки, за кои одговорност треба да понесат и претставниците на актуелната власт.

— реклама —

ЛДП ја обвинува Владата дека сега се повикува на независноста на институциите, додека граѓаните и компаниите се соочуваат со ограничувања во располагањето со сопствените средства и неизвесност околу нивната финансиска сигурност. Од партијата критикуваат и дека премиерот и министрите не даваат одговори за случувањата.

Според ЛДП, покрај барањето нов сопственик за банката, неопходни се пошироки промени во економските политики и утврдување на одговорноста за настанатата состојба.

— реклама —

Партијата бара итна и целосна финансиска ревизија, транспарентно објавување на сите финансиски текови поврзани со случајот и оставки од лицата за кои смета дека имале одговорност, а не реагирале навреме.

— реклама —

„Државата не е приватна играчка за забава на политички елити, а народот повеќе нема намера да ги плаќа туѓите економски бламажи со сопствениот опстанок“, порачуваат од ЛДП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library93a7o87canrk2qtvUrZ

Независната советничка група „Поинаку“, СДСМ, Левица и ЛДП бараат вонредна седница за средствата на јавните претпријатија во „Алта банка“

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-librarym8r9lbkk7n75fPyq66c

Народна банка не открива дали Алта банка-Битола има институции како свои клиенти, оти тоа е банкарска тајна

Македонија | пред 2 часа

media-library6kk99rncb9hveaqKaiy

Притвор од 30 дена за сопственикот на „Алта банка“, осомничен за стекнување противправна имотна корист од околу 45 милијарди динари

Балкан | пред 6 часа

media-library93a7o87canrk2qtvUrZ

Од утре клиентите на „Алта банка“ без картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари, шалтерите ќе работат и во сабота

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања