Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ле Пен: Украина не треба да стане членка на Европската Унија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 минути -

Свет
media-library666idk9sbpoh4kSNpCh

Француската десничарска политичарка Марин Ле Пен се спротивстави на членството на Украина во Европската Унија, оценувајќи дека нејзината иднина не треба да биде поврзана со приклучување кон европскиот блок. Таа истовремено предложи Франција да организира голема меѓународна мировна конференција за изнаоѓање решение за војната.

— реклама —

Во интервју за „Индија Глобал Ривју“ (IGR), Ле Пен изјави дека Украина не треба да стане членка на ЕУ, додека прашањето за евентуално членство во НАТО, според неа, треба да биде дел од тековните мировни преговори.

— реклама —

Осврнувајќи се на рускиот претседател Владимир Путин, таа оцени дека неговото означување како воен злосторник ги отежнува напорите за постигнување мир.

— реклама —

„Ваквите сеопфатни изјави се всушност смешни и спротивни на желбата за мир“, рече Ле Пен.

— реклама —

Сепак, таа призна дека Русија ја започнала војната и дека Украина е жртва на руската агресија. Како можен чекор кон прекин на конфликтот, предложи Франција да биде домаќин на голема меѓународна мировна конференција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

le-pen1

Ле Пен: Франција е во ќорсокак, никој не знае од каде ќе дојде премиерот

Свет | пред 2 години

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања