Промени тема
Контакт

Лефков: Бисера Антоанета летала со владин авион за Црна Гора, чекала 2 дена пред настан за да има оправдување да бара државен авион, наместо да оди со службено возило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_6396

,,Бисера Антоанета одела од крајност во крајност. Од резервирање на авионски карти кои никогаш не ги искористила, а ги платила со народни пари, до немавремено планирање на патувања, за кои потоа морала да ангажира владин авион да ја носи.

— реклама —

Како навлегуваме во материјалите и раскалашеноста на Бисера Антоанета сфаќаме зошто државата е ограбена и зошто СДС всушност се бореле по секоја цена да останат на власт.

Бисера Антоанета живеела во раскош. Таа ангажирала владин авион да ја носи до Цетиње во Црна Гора на настан. Имено за свои потреби министерката за култура поради ненавремено планирање на однапред дефинирана конференција во Цетиње, Црна Гора или од други побуди на 14.12.2022 испраќа допис до СОЗР за користење на владиниот авион за да на 16.12.2022 година да стигне во Црна Гора и за таа намена платила фактура кон СОЗР во износ од 102.347 илјади денари или 1664 евра.

— реклама —

Како е можно Бисера Антоанета и нејзиниот кабинет да немале време да го испланираат патувањето, кога поканата во нејзиниот кабинет стасала на 02.12.2022 година. А таа реагирала дури 12 дена подоцна. Што правела Антоанета 12 дена, дали чекала да дојде период од 2 дена пред настан за да има оправдување да лета со владиониот авион?

— реклама —

Зошто наместо со владин авион Бисера Антоанета не заминала на службен пат во Црна Гора службено возило? Патувањето со службено возило е далеку поекономично, а со оглед на тоа дека се работи за кратка дестинација, не одзема ниту време.

Бисера Антоанета мора да одговори дали чекала да поминат 12 дена од пристигање на поканаата за да може да побара од СОЗР да го користи владиониот авион 5 до 12, и тоа само од лични побуди?

— реклама —

Дали државата била жртва на личните каприци на Бисера Антоанета?”, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 2 часа

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања