Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Лефков: Бисера Антоанета со народни пари вечерала бизонско филе, телешко карпачо и школки за 400 евра во луксузен ресторан во Виена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_6294

,,Денес продолжуваме да ги обелоденуваме раскошните трошења на Бисера Антоанета со народни пари во Виена.

Покрај лускузниот трособен стан за 4 ноќи, платен 1200 евра, Антоанета јадела луксузно.

— реклама —

На една од сметките кои Бисера Антоанета ги доставила до Министерството за култура и за која земала државни пари се гледа дека истата за една вечера потрошила 403 евра, таа вечера ја платиле граѓаните.

— реклама —

Антоанета вечерала во луксузниот виенски ресторан Дистрикт, а на нејзината маса се нашле школки, бизонско филе, телешко карпачо, сето тоа платено од народот.

Бисера Антоанета не штедела ниту во ресторанот Соле, каде за еден ручек платила 249 евра, а за вечера во истиот ресторан 212 евра. Овде на менито на Антоанета била италијанска храна.

— реклама —

Само за овие три ресторански посети Бисера Антоанета платила 846 евра или 53.136 илјади денари.

— реклама —

Да добро слушате, Бисера Антоанета за еден ручек и две вечери со народни пари платила колку што изнесува месечна потрошувачка кошничка за цело семејство.

Ја прашуваме Бисера Антоанета дали овие трошоци биле нужни? Дали можело поевтино? Зошто ги одбрала овие ресторани? Како правда 3000 евра трошок за 4 дневно патување во Виена?”, вели Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library6viqn16kv3s18uVhTwt

Ристовски: Понудивме конкретен план и решение за проблемот со добитокот во Крива Паланка, градоначалникот Митовски го одби

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-library9phfssvrqs862pkSKj0

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Филипче го следи Мицкоски, така ќе научи како се води држава и се работи во интерес на граѓаните

Македонија | пред 16 часа

market-pari

ВМРО-ДПМНЕ: Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

Македонија | пред 20 часа

media-library2352l8gcech06R73Pe3

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања