Промени тема
Контакт

Лефков: Грдото лице на власта на СДС и ДУИ, Филипче како министер аминуваше милионски тендери од Ирина Пановска кон фирмата на татко и

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Mile-Lefkov-30.01.2022

,,Грдото лице на власта на СДС и ДУИ, Филипче како министер аминуваше милионски тендери од Ирина Пановска кон фирмата на татко и.

Не поминуваат изговорите кои Филипче ќе ги каже и ги кажуваше во минатото, дека тој немал врска со тендерите, туку Клиниката. Филипче како министер можеше да ја разреши директорката на Хематологија Ирина Пановска, доколку навистина сакаше да ги спречи тендерите од ќерка на татко.

— реклама —

Филипче не само што не ја разреши, туку со своето недејствување и ги аминуваше милионските тендери од Клиниката за Хематологија каде директор беше ќерката Пановска, кон Веледрогеријата Др. Пановски на таткото Пановски.

— реклама —

По неколку милиони секоја година завршуваа од сметката на Клиниката за Хематологија на сметка на Др. Пановски. Тоа е грдото лице на власта на СДС и ДУИ, тоа е причината за која Филипче стана претседател на СДС. Кога ќе биде прозван за одговорност или ќе биде поведена постапка против него, да се вади на политички притисок и со надеж дека некогаш во иднина повторно ќе може да се повтори шемата со Пановски и ним сличните.

— реклама —

Филипче се преиграл во пресметките. Ниту од одговорност ќе може да се избега, ниту пак народот ќе му даде шанса пак да го краде.”, изјави Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk7jj3vul99n94c1zkOp

Лефков: Национален дата центар е и обврска од реформската агенда, сега Филипче се противи и на европски проекти    

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarya8894b8tpa6n0ad3YrS

Лефков објави документ: „Филипче планирал мигрантски центар во Бардовци“

Македонија | пред 8 месеци

apasiev-sobranie

Завојуваа Лефков и Апасиев, откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ ја спомена сопругата на лидерот на Левица

Македонија | пред 1 година

lefkov

Лефков: Структури од СДС делуваат со бугарската антимакедонска пропаганда, а целта им е напад на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски кои се единствена брана на македонските интереси

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања