Промени тема
Контакт

Лефков: Грдото лице на власта на СДС и ДУИ, Филипче сакаше да ја остави државата без јавно здравство, а Фрчкоски трошеше пари без отчет - Никогаш повеќе!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_4934

,, Грдото лице на власта на СДС и ДУИ се корумпираните функционери, кои уште продолжуваат да владеат со тие партии. Венко Филипче кој ја води СДС и Љубомир Фрчкоски кој нема отчет како ги трошел народните пари се пример зошто СДС изгуби катастрофално.

Ако Љубомир Фрчкоски нема отчет како ги трошел парите на мисијата, Венко Филипче не сака воопшто да има потреба од давање отчет и има на план да го приватизира здравството во целост.

Венко Филипче пред заминување од функцијата министер за здравство јавно кажа дека размислува државата да не инвестира во здравствена инфраструктура и да не плаќа за истата, туку да плаќа само услуга.

Филипче јасно и стави до знаење на јавноста дека сака да ги приватизира болниците, и да не гради нови, туку тоа да го прават приватни фирми, а државата да им плаќа на истите за лечење на пациентите.

— реклама —

Да го слушнеме и погледнеме Филипче, и неговиот план за целосна приватизација на здравството:

"Дали нас ни треба да менаџираме инфраструктура, дали ние треба да се занимаваме како здравствен систем со набавка на возила, и градење на згради за болници или едноставно треба да се ослободиме од менаџирање на инфраструктурата и да почнеме да станеме систем кој што купува услуги."

— реклама —

Дали Филипче дојде на местото претседател на СДС со надеж некогаш во иднина да се обиде повторно да го реализира својот план и да ја остави државата без јавно здравство?

Ова е СДС, ова е Венко Филипче, партија и луѓе кои не мислат за здравството и пациентите, туку само за нечиј приватен интерес.

— реклама —

По истиот принцип по кој се однесува Филипче, се однесувал и Фрчкоски. Тоа е матрицата на СДС и грдото лице на власта на СДС и ДУИ.

Со СДС и ДУИ имаше помалку за народот и државата, а повеќе за мафијата. Тоа време заврши. Тоа време веќе не смее да се повтори.”, изјави Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfp25jhtgimhs0uVbyWP

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library24ubprpnhmtlb1oaiUB

(Видео) Лефков: Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryvle5a30ce9i72ESJSCs

Лефков: Филипче и „лојалистите“ повторно се вратија на политиката на поделби

Македонија | пред 1 месец

media-library3i537g3oi4o39L2SJDh

Лефков: Македонија е лидер во спроведувањето на Реформската агенда, СДС, ДУИ и Левица го попречуваат изборниот процес

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања